Зошто во Русија се верувало дека 29 февруари носи несреќа?

Russia Beyond (Photo: Public Domain, Getty Images)
Russia Beyond (Photo: Public Domain, Getty Images)
Русите верувале дека 29 февруари е Денот на Кашчеј, заштитникот на смртта. Со доаѓањето на православието, на тој ден почнал да се празнува свети Јован Касијан Богослов, а паганите тогаш на своето божество му го дале името на овој голем православен светител и почнале да го нарекуваат Касјан.

Тие верувале дека божеството наречено Касјан носи постојани несреќи, па му додавале соодветни епитети: Касјан Немилостивиот, Касјан Завидливиот, Ќоравиот Касјан, Касјан Одмаздољубивиот.

Public domain Икона на Јован Касијан
Public domain

Сметале дека тој фамозен Касјан може да изгори човек со поглед и да го претвори во пепел, дека господари со ветровите кои ги држи под 12 катанци и може да ги испрати на земјата кога сака и дека има моќ да ги зарази луѓето и добитокот со болести. Некаде се споменува дури и верувањето дека Касјан му служи на Сатаната и дека е чувар на портите на Пеколот. Поради тоа Господ наводно наредил Касјан три години по ред да го удираат со чекан по челото, а четврта година да го пуштат на Земјата.

Public Domain И. В. Лавов. „Касјанов ден“, разгледница
Public Domain

Затоа многумина избегнувале да организираат венчавки на Касјанов ден и се труделе да не излегуваат од дома доколку не е апсолутно неопходно, ништо не работеле и не пуштале в куќи непознати патници-намерници, а во шталите закачувале амајлии. Некои се плашеле да ги извршуваат домашните работи пред изгрејсонце, сметајќи дека тоа е најопасното време од денот и се труделе да спијат и да не стануваат од кревет до ручек. Се верувало дека родените на 29 февруари ќе ги следи несреќа. Тој ден не зборувале што планираат да направат, верувајќи дека тоа сигурно нема да се оствари.

mbbirdy / Getty Images
mbbirdy / Getty Images

Дали верувате во „денови што носат несреќа“? :)

<