Каков стан или куќа можете да купите во Русија ако продадете куќа во Америка?

Этажи Москва, SIRIUS REALTY/cian.ru
Этажи Москва, SIRIUS REALTY/cian.ru
Просечната цена на недвижностите во САД во последните неколку месеци, според податоците на Националната асоцијација на агенти за недвижнини (NAR, National Association of realtors), изнесува околу 400 илјади долари. Што може да се купи за тие пари во Русија?

Двособен стан со поглед на каналот „Москва“

Wainbridge/cian.ru
Wainbridge/cian.ru

Во северозападниот дел на Москва за 20 до 25 милиони рубли можете да купите нов мал двособен стан во зграда од бизнис класа (класа во Русија над комфор класата, а под премиум и елит класата). Станот е со високи тавани, над три метри, а главната предност е прекрасниот поглед низ панорамските прозорци на каналот „Москва“.

Этажи Москва/cian.ru
Этажи Москва/cian.ru

Станот се наоѓа на дваесет минути пеш од станицата на метрото. Во близина има и големи паркови каде можете да си го поминувате времето во текот на викендите.

Површина: 48,37 м²

Стан во центарот на главниот град

Этажи Москва/cian.ru
Этажи Москва/cian.ru

Во стара зграда од 1930 година има елегантен двособен стан со модерен ентериер. Зградата се наоѓа во историскиот реон на Москва. Недалеку се голем број ресторани, театри и Московската зоолошката градина. Зградата има голем затворен двор со детско игралиште, сквер и фонтана.

Этажи Москва/cian.ru
Этажи Москва/cian.ru

Површина: 56 м²

Стан во историскиот центар на Санкт Петербург

МК-Элит/cian.ru
МК-Элит/cian.ru

Овој стан со висок плафон (3,5 метри) се наоѓа во најскапиот реон на Санкт Петербург, таканаречениот „Златен триаголник“. Зградата е подигната според проект на Харалд фон Босе кон средината на XIX век.

МК-Элит/cian.ru
МК-Элит/cian.ru

Неколку згради понатаму поминува главната градска улица – Невскиот проспект. Во близина се и најпознатите знаменитости на градот: Дворцовиот плоштад, Ермитаж, Искакиевскиот собор, црквата „Спас на Крвта“.

Површина: 85,8 м²

Куќа во шума во стилот фахверк

ГК ПЛЮС Загород/cian.ru
ГК ПЛЮС Загород/cian.ru

На еден час од Санкт Петербург има еднокатна куќа во стилот фахверк. Стари борови ја опкружуваат куќата. На покривот имало парк од туја со простор за скара. Во близина има мало езеро и уредени зони за одмор.

ГК ПЛЮС Загород/cian.ru
ГК ПЛЮС Загород/cian.ru

Површина: 325 м², плац: 10 ари.

Еднокатна куќа во Татарстан 

Сергей Трудов/cian.ru
Сергей Трудов/cian.ru

Ако се оддалечите од главните градови, во Татарстан за истата сума можете да купите двокатна куќа од тула со уреден плац, на кој има градина. Има и езерце со мост и покриен простор за скара.

Сергей Трудов/cian.ru
Сергей Трудов/cian.ru

Површина: 270 м², плац: 15 ари

Куќа во планина

cian.ru
cian.ru

Овој селски имот се наоѓа на брегот на река во планинскиот регион на Алтајскиот крај. Куќата е изградена од сибирски ариш и обложена со тула. На парцелата има и бања (руска сауна) и белведере. Куќата е оддалечена 40 километри од бањскиот град Белокуриха, познат по својата лековита минерална вода.

cian.ru
cian.ru

Површина: 180 м², плац: 44 ари

Куќа во Сочи со базен

SIRIUS REALTY/cian.ru
SIRIUS REALTY/cian.ru

Оваа современа куќа се наоѓа недалеку од центарот на Сочи и морскиот брег. На плацот има отворен базен, расте овошје, има бања (сауна). На првиот кат од куќата има излез до отворена тераса, од каде се протега поглед на Црното Море.

Површина: 220 м², плац: 10 ари

<