
Првиот јуриш на киднапиран патнички авион во историјата на СССР!

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На 2 ноември 1973 година, четворица момчиња на возраст меѓу 16 и 21 година го киднапираа авионот Јак-40 кој со 28 патници леташе од Москва за Брјанск. Во тоа време патниците не биле детално прегледувани, така што момчињата лесно внесоа обични пушки и пушки со кратки цевки во багажот.
Авиомеханичарот и еден од патниците се обидоа да им се спротивстават на киднаперите, но во престрелката беа ранети. Момчињата упаднаа во пилотската кабина со кршење на вратата и бараа авионот да се сврти и да се врати во главниот град. Оттаму, по полнењето гориво, планираа да летаат за Шведска, а патниците планираа да ги ослободат за откуп од 1,5 милиони долари.
Авионот слета на московскиот аеродром Внуково. Набргу потоа, на аеродромот пристигнаа претседателот на КГБ Јуриј Андропов и министерот за внатрешни работи Николај Шчелоков и донесоа одлука да се изврши јуриш на авионот.
Тогаш не постоеше единица која би била специјално обучена за таков случај, така што јуришната група беше формирана од полицајци доброволци. Скриени под трупот на авионот, тие чекаа криминалците да ја отворат вратата и да го земат откупот.
Во нападот што следеше тешко бил ранет киднаперот Александар Никифоров и тој подоцна почина во болница, а неговиот соучесник Виктор Романов изврши самоубиство. Од полицајците и патниците не загина никој, а двајца заложници беа повредени.
Малолетниот Владимир Жалнин беше осуден на десет години затвор. Почина набргу по пуштањето на слобода. А Петар Бондарев, вториот преживеан киднапер, благодарение на напорите на неговите родители, беше сместен во психијатриска болница каде што помина само шест месеци. Бондарев почина во 2006 година.
По киднапирањето на патничкиот авион Јак-40, проверките на патниците на аеродромите беа значително заострени. Покрај тоа, на 29 јули 1974 година, по наредба на Јуриј Андропов, беше формирана специјалната група „А“ за борба против тероризмот, која подоцна стана позната како групата „Алфа“.