Зошто Романија се бореше против СССР во Втората светска војна?

Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Романците не сакаа да учествуваат во конфликтот што избувна во 1939 година во Европа. По Првата светска војна тие ги проширија своите граници значително на сметка на ослабените соседи и дадоа сé од себе за да ја зачуваат состојбата на статус кво.

Меѓутоа, СССР, Унгарија и Бугарија во меѓувреме зајакнаа, а не ги заборавија своите територијални претензии кон Романија. Под притисок на Берлин во 1940 година Романците им ја вратија Бесарабија на Русите, Јужна Добруџа на Бугарите и Северна Трансилванија на Унгарците.

Bundesarchiv Романски војници наградени со железни крстови за уништување на советските десантни сили, Крим, 1942 година.
Bundesarchiv

Таканаречената „Голема Романија“ изгуби речиси 40% од своите територии и преку ноќ престана да биде „Голема“. И тогаш својата игра ја почнаа дипломатите од Третиот Рајх.

Bundesarchiv Романски војници на југот на Русија.
Bundesarchiv

Германците ја искористија хаотичната ситуација во Романија и им предложија на Романците да учествуваат во претстојната поделба на СССР, во која Букурешт можеше да си ги врати не само Бесарабија и Северна Буковина кои ги презеде Москва, туку дури и да добие огромни територии на советска Украина сé до реката Днепар.

Public domain Романски авиони IAR 80 на борбена задача.
Public domain

Романците се согласија да соработуваат со нацистите заради ветените територии на исток, а исто така се надеваа дека ќе се преиспита и припадноста на Северна Трансилванија.

Public domain Влегувањето на Црвената армија во Букурешт.
Public domain

Така, на 23 ноември 1940 година Романија стапи во воено-политичкиот сојуз на Германија, Италија и Јапонија. Унгарија веќе беше членка на овој сојуз, така што дојде до парадоксална ситуација во која двајцата непомирливи непријатели станаа сојузници и почнаа да дејствуваат заедно во интерес на Третиот рајх.

<