GW2RU
GW2RU

Зошто Романија се бореше против СССР во Втората светска војна?

Романците не сакаа да учествуваат во конфликтот што избувна во 1939 година во Европа. По Првата светска војна тие ги проширија своите граници значително на сметка на ослабените соседи и дадоа сé од себе за да ја зачуваат состојбата на статус кво.

Меѓутоа, СССР, Унгарија и Бугарија во меѓувреме зајакнаа, а не ги заборавија своите територијални претензии кон Романија. Под притисок на Берлин во 1940 година Романците им ја вратија Бесарабија на Русите, Јужна Добруџа на Бугарите и Северна Трансилванија на Унгарците.

Романски војници наградени со железни крстови за уништување на советските десантни сили, Крим, 1942 година.
Bundesarchiv

Таканаречената „Голема Романија“ изгуби речиси 40% од своите територии и преку ноќ престана да биде „Голема“. И тогаш својата игра ја почнаа дипломатите од Третиот Рајх.

Романски војници на југот на Русија.
Bundesarchiv

Германците ја искористија хаотичната ситуација во Романија и им предложија на Романците да учествуваат во претстојната поделба на СССР, во која Букурешт можеше да си ги врати не само Бесарабија и Северна Буковина кои ги презеде Москва, туку дури и да добие огромни територии на советска Украина сé до реката Днепар.

Романски авиони IAR 80 на борбена задача.
Public domain

Романците се согласија да соработуваат со нацистите заради ветените територии на исток, а исто така се надеваа дека ќе се преиспита и припадноста на Северна Трансилванија.

Влегувањето на Црвената армија во Букурешт.
Public domain

Така, на 23 ноември 1940 година Романија стапи во воено-политичкиот сојуз на Германија, Италија и Јапонија. Унгарија веќе беше членка на овој сојуз, така што дојде до парадоксална ситуација во која двајцата непомирливи непријатели станаа сојузници и почнаа да дејствуваат заедно во интерес на Третиот рајх.