GW2RU
GW2RU

Првиот американски државјанин роден во Русија и првиот погребан во Русија се истата личност

Russia Beyond (U.S. Department of State; Лутерански гробишта во Смоленск)
Станува збор за Луиза Кетрин Адамс, ќерката на шестиот американски претседател Џон Квинси Адамс, која починала како едногодишно девојче.

Во периодот од 1809 до 1814 година Џон Адамс работи како ополномоштен пратеник на САД во Санкт Петербург. Таму на 12 август 1811 година на американскиот дипломат и неговата сопруга Луиза им се раѓа единствената ќерка. За жал, тринаесет месеци подоцна, на 15 септември 1812 година, детето починува од дизентерија.

„Ја изгубивме нашата драга и единствена ќерка...прекрасно дете кое ветуваше многу...Општо земено, таа беше поздрава од кое било друго наше дете на нејзина возраст. Веќе имаше шест заби. <...> Болеста започна со жестока дизентерија проследена со треска, а заврши со грчеви. Почина во еден и пол во вторникот наутро, на 15 септември“, ѝ пишува Адамс на својата мајка.

Девојчето е погребано на Лутеранските гробишта Смоленск. Со текот на времето на гробот му се губи секоја трага. По него се трагаше од деведесеттите до 2009 година. Надгробната плоча е обновена со средства од здружението Ќерките на американската револуција (Daughters of the American Revolution - DAR). На 200-годишнината од нејзината смрт, на 15 септември 2012 година, се одржа свечен помен.