GW2RU
GW2RU

Сталинградска Мадона: Како лекар во германската војска нацрта икона

Јавен домен
Курт Ројбер почнал да црта за да полесно ги поднесува ужасите на војната. Наоѓајќи се среде најкрвавата битка во историјата на човештвото, тој ја создаде својата Сталинградска Мадона.

Германецот Курт Ројбер прво станал свештеник, а потоа лекар. Есента 1939 година бил мобилизиран во Вермахтот. Во војска почнал да црта и доживеал сериозна душевна трансформација. Наоѓајќи се себеси во епицентарот на најкрвавата битка во историјата на човештвото кај Сталинград 1942 година, Ројбер со јаглен ја нацртал Мадона со Христос на задната страна на школска географска карта и ја порабил со зборовите: „Светлина. Животот. Љубов“.

Сталинградската Мадона
Јавен домен

„Сива маса без човечко достоинство“

Роден 1906 година во евангелистичко семејство, Курт Ројбер на инсистирање на неговите родители се стекнал со духовно образование и станал свештеник во селото Вихмансхаузен недалеку од Хесен. Но, во детството сонувал да биде лекар и затоа веќе како свештеник добил медицинско образование, а есента 1939 година бил мобилизиран во состав на Вермахтот.

Сталинград, 1942.
Getty Images

Не е познато дали Ројбер бил убеден нацист. Неговите ставови, како и оние на многу Германци, се менувале во текот на војната. Во 1941 година тој пишувал дома дека советската армија наскоро ќе биде поразена, а населението на окупираните територии го нарекувал „сива маса без човечко достоинство, која нема сила за заздравување.“ Но, само една година подоцна, лекарот почнал да размислете поинаку: „Запознав прекрасни луѓе... Колку порои од крв и солзи, мачење на душата и телото поминале низ оваа земја...“

Есента 1942 година Ројбер добил отсуство, но бил повикан назад во единицата два дена пред да биде опколена германската војска. Така Ројбер се нашол во епицентарот на најкрвавата битка во историјата на човештвото - во Сталинград. Според различни проценки, на двете страни во оваа битка биле убиени, ранети и исчезнале околу 2,5 милиони луѓе (Германија и нејзините сојузници заедно со заробениците изгубиле околу 1,5 милиони војници).

Сталинград на 23 август 1942 година по германското бомбардирање
Эммануил Евзерихин

Икона на задната страна на школска карта

За време на војната Курт направил над 150 цртежи. Но, најпознатиот настанал во Сталинград, во пресрет на католичкиот Божиќ 1942 година. Тоа е едноставен цртеж со јаглен на задната страна на училишна карта: Мадона, целосно завиткана во превез, го држи в раце новородениот Христос. „Кога вратата се отвори и влегоа моите другари, застанаа како закопани во побожна тишина, изненадени од сликата обесена на глинениот ѕид, под која гореше пламен на цепаницата забиена во земјениот ѕид. Целиот божиќен празник помина под впечатокот на таа слика и зборовите што ја опкружуваа: светлина, живот, љубов“, напишал тој во својот дневник.

Откако советската армија го опколила Сталинград, Германците продолжиле да добиваат помош од воздух, а некои од војниците биле дури и евакуирани. Меѓу евакуираните бил и ранетиот другар на Ројбер, кому уметникот му ги дал своите цртежи. Самиот Курт Ројбер бил заробен и починал во 1944 година.

Заробен германски војник во Сталинград
Getty Images

Семејството на лекарот кое ги добило овие дела подоцна ги подарило на Црквата посветена на споменот на царот Вилхелм во Берлин. Сталинградската Мадона и денес е таму, а копија од неа доби католичката црква „Св. Никола“ во Волгоград (поранешен Сталинград).

Сталинградската Мадона во црквата посветена на споменот на царот Вилхелм во Берлин
Legion Media