Како се гатало со птици во Русија?

Таквото претскажување на иднината е еден од најстарите облици на гатање што го практикувале сите народи во старо време. Црквата во Русија отсекогаш го прогонувала гатањето, но без оглед на забраните, гатањето не престанало, а верувања поврзани со птиците се познати и денес.

Кокошка

Андреј Канишев / Getty Images
Андреј Канишев / Getty Images

Гатањето врз основа на однесувањето на кокошката било најпопуларно, бидејќи скоро секој двор имал живина. Наједноставно било за време на 12-дневното празнување на Божик, кое трае до Водици. Тие денови во Русија се нарекуваат „свјатки“. Во тоа време пред кокошката требало да се стави плитка чинија со жито и да се следи однесувањето. Ако кокошката исколва сè, годината ќе биде плодна, а ако не го ни допре, се очекува немаштија.

Нешто покомплицирано било гатањето во врска со судениот. За таа цел во затемнета просторија на подот се исцртувал круг со креда и во него се ставале три чинии: со вода, клинци и монети или накит, и особено огледалце. Девојките наизменично оделе во кокошарникот, во мракот бирале кокошка со пипкање, ја носеле во собата и ја пуштале. Ако кокошката се упати кон садот со вода, тоа значело дека мажот ќе биде пијаница, ако се упатила кон садот со шајки - добар работник, ако тргнала кон садот со накитот - богаташ. А ако, пак, кокошката се интересирала за огледалото, тоа предвидувало самољубив и трошаџија младоженец.

Државен музеј на историјата на религијата во Санкт Петербург Константин Маковски, „Свјатки“ (Гатање. Ноќ спроти Водици), околу 1900-та.
Државен музеј на историјата на религијата во Санкт Петербург

Кокошката која во паника безглаво трчала предвидувала тежок живот со идниот маж. Но, некои девојки воопшто не успевале да ја изнесат кокошката од кокошарникот, бидејќи се тргала. Е, тоа значело дека нема од мажење следната година. И на крај, ако девојката наместо кокошка одбрала на петел, тоа на идниот сопруг ќе му биде втор брак.

Петелот имал посебно место во гатањето, бил ценет и предвидувал среќа, на крајот на краиштата, утринското кукурикање на петелот ги „растерува ѓаволите“. Затоа несреќниот петел бил жртва принесувана при изградба на амбари и воденици на реката. А најстрашниот предзнак за несреќа бил кога кокошките не кокодакале, туку пееле и кукурикале како петли.

Сврака

Андреј Канишев / Getty Images
Андреј Канишев / Getty Images

Поради своето карактеристично вревење, страчките се сметале за птици кои носат несреќа и се поврзувале со гатање. Да се ​​сретне страчка навестувало сиромаштија, додека страчка што лета над главата или страчка што слетува на дрвено коњче на покривот биле знаци за смрт на член на семејството. Но, ако некој сретнал две или повеќе страчки, што се случува многу ретко, тоа претскажувало богатство и голема прослава.

Врабец

Николај Кулаков / 500px / Getty Images
Николај Кулаков / 500px / Getty Images

Обичниот свет верувал дека врапчињата ги донеле клинците со кои бил прикован Исус на крстот, па затоа биле проколнати и осудени да потскокнуваат додека одат. Врапче кое тропа на прозорецот и влетува во куќата е лош знак кој претскажува несреќа, немаштија и смрт.

Сипка

Игор Кљахин / 500px / Getty Images
Игор Кљахин / 500px / Getty Images

Единствената птица чија посета на куќа значела добра вест или веселба. Сипките се дружељубиви птици, не се плашат да уживаат во човечката храна, па затоа луѓето можеле да ги хранат, бидејќи се верувало дека чукањето на прозорецот на сипка најавува доаѓање на роднини или пријатели.

Гавран

Eлена Куркутова / Getty Images
Eлена Куркутова / Getty Images

Како и во многу европски култури, гавраните и во Русија биле симболи на злото, птици на врачевите. Меѓутоа, најголем страв предизвикало гракањето на гавраните во лет. Против таквите гракања постоеле посебни магии кои во XIX век се спомунуваат дури и во енциклопедискиот речник на Брокхаус и Ефрон.

Гулаб

orxywpsu37 / 500px / Getty Images
orxywpsu37 / 500px / Getty Images

Гулабите, како и ластовиците, се сметаат за „гласници“ со чија помош душите на мртвите комуницираат со овој свет. Но, додека посетата на ластовиците навестувала промени на полошо или смрт, посетата на гулаб се сфаќала едноставно како „поздрав“ или предупредување од оној свет, само доколку гулабот не се повредил со удирање во врата или прозорец. На гулабите честопати и оставале зрна или трошки на камењата од свежите гробови, бидејќи се верувало дека гулабите, кога ќе се почестат, ќе ѝ помогнат на душата на покојникот полесно да отиде на небото.

Јавен домен Светиот Дух на небесниот престол
Јавен домен

Не треба да се заборави дека гулабот е единствената птица прифатена од црквата. Тоа е симбол на Светиот Дух претставен во вид на бел гулаб. Освен тоа, според Библијата, токму гулабица му ја донела на Ное палмината гранка во арката како навестување за близината на долгоочекуваното копно.

Кукавица

Василиј Вишневски / Getty Images
Василиј Вишневски / Getty Images

Невозможно е да не се спомене птицата поврзана со древните гатања за тоа колку години му преостанале на човекот да живее. Кога оваа птица кука, треба да ја прашате колку години има некој уште на располагање и да изброите колку пати се јавила. За среќа, штом кукавиците почнат да пеат, не знаат да престанат.

Со кукавицата е поврзано и едно заборавено, но претходно многу популарно верување. Прво требало да се најде кукавица меѓу гранките (според звукот), а потоа да се запамети на која гранка била. Таа гранка се сметала за магичен талисман, па се носела како амајлија и за среќа во ловот.

 

<