Во Советскиот Сојуз живеел човек со неверојатни способности – паметел баш СÉ
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Човек на сцена повикува доброволец од публиката да излезе и да напишен низа цифри по свој избор на табла кон која е свртен со грб. Доброволецот излегува и испишува шест реда. Кога завршува, човекот на сцената се врти кон таблата и неколку секунди ги гледа бројките, а потоа со насмевка се врти кон публиката и по ред ги изговара сите цифри без ниту една грешка. Салата ори од аплауз. Вака изгледал настап на Соломон Шерешевски, кој живееше во Советскиот Сојуз, организираше претстави и ја воодушевуваше публиката со својата феноменална меморија.
Шерешевски можеше да запомни баш сѐ: долга низ зборови, иако не се поврзани меѓу себе или се помешани со странски зборови, или произволен збир броеви и цифри. Научниците долги години се обидуваа да сфатат како тој го постигнува тоа,
Што се знае за Соломон?
Познат е само фактот дека идниот мнемоничар е роден во 1886 година во градот Торжок, во Тверската губернија на Руската Империја. Татко му бил сопственик на продавница за книги, а мајката се грижела исклучиво за воспитанието на синот.
Наставниците на училиште не обрнале големо внимание на исклучителната способност на момчето за паметење. Но, тоа свирело и виолина и во тоа бил успешен, па затоа му предвидувале успешна музичка кариера. Меѓутоа поради последици од ненадејна болест Соломон го изгубил слухот на едно уво и повеќе не одел на часови по музика.
По завршувањето на училиштето се запишал на медицински факултет, но набргу го напуштил зашто требало некако да се составува крај со крај. На 21 година веќе бил оженет за Аида со која го имал синот Михаил кого требал да го издржува. Се вработил како дописник во локален весник и тука уредникот ја забележал неговата неверојатна прецизност на паметење на сите детали. Затоа го посоветувал да го испита својот „талент“ и да се обрати на стручњаци.
Паметење „во боја“
Паметењето на Соломон меѓу првите започнал да го изучува Александар Лурија, еден од основачите на невропсихологијата. Експериментите што ги вршел со меморијата на Шерешевски тој детално ги опишал во книгата „Мала книга за големо паметење“.
Прва задача што Соломон требал да ја направи во првиот круг експерименти била да запамети 50 збора во рок од 30 секунди. Тој тоа го направил мошне лесно. Згора на тоа Шерешевски продолжил да се сеќава на редоследот на зборовите уште многу долго, како сето тоа да било убаво спакувано во некоја фиока.
Кога самиот Шерешевски објаснуваше тој се сеќаваше не само на ова што го видел или чул, но ги поврзуваше поимите и зборовите користејќи синестезија – уште една феноменална особина кој се појавува кај мал број луѓе на планетава,
Синестезија е способност за „истовремени чувства“, односно за него секој звук има своја боја, секоја слика има свој јасен облик, па дури и вкус. Оваа карактеристика му помагаше на Соломон поефикасно да ги запамети „влезните“ информации.
Луѓето од опкружувањето на Шерешевски се сеќаваат дека тој дури и мотал лажица со крпа за звукот на нејзиниот допир со чинијата да не ги повикува од меморијата сликите поврзани со овој звук.
Меморијата на Шерешевски била еден вид „палата на паметење“. Баш како во британската серија на Би-Би-Си „Шерлок“, каде што Холмс за да ги зачува сите информации во својата глава исто така замислува џиновска библиотека во која има разновидни неопходни сеќавања. Единствена разлика помеѓу Соломон и споменатиот јунак од литературата е местото што тој го замислува. Главното дејствие на неговите сеќавања беа познатите улици на родниот Торжок, каде ги распоредуваше своите сеќавања. За да се сети на она што му било потребно, тој ќе се „прошеташе“ по овие улици.
Турнеи
Сфаќајќи колку е специфичен неговиот талент, Соломон ја напушти работата во редакцијата реши да настапува на сцена и да ја воодушевува публиката. Настапуваше со гостувања ширум СССР и на тој начин конечно можеше да го издржува своето семејство.
Според Шерешевски, неговите настапи најмногу ги посетуваа наставници, лекари и студенти, зашто им беа потребни неговите техники на паметење. Тој со задоволство споделуваше искуства со нив зашто во текот на животот и самиот се трудеше да ги проучи сопствените способности, да најде граници на своите можности и да ги формулира методите според кои и други луѓе би можеле поефикасно да помнат податоци.
За волја на вистината Шерешевски лошо паметел само лица. Се чинеше дека премногу се менуваат.
Потреба да се заборави барем нешто
Соломон подоцна сфати дека неговата феноменална меморија има и „друга страна на медалот“. Така огромните количества податоци започнаа меѓусебно да се преплетуваат и да се мешаат. Се случуваше еден звук или слика истовремено да го асоцираат на неколку ситуации. Во семејството започнаа да забележуваат дека е непрактичен, дека не се вдлабочува во суштината на појавата и дека не може нормално да комуницира со домашните. Првпат во животот Шерешевски се соочи со потребата нешто да заборави.
Излезе дека за Соломон процесот на заборавање е мошне посложен од процесот на паметење. И понатаму тој тестираше разни техники, но сега требаше да открие како барам нешто да заборави. На пример, ќе пишуваше нешто на табла и во истиот момент ќе го избришеше, како да го брише тоа од меморијата. Меѓутоа, излезе дека сето тоа не е мошне ефикасно, веројатно затоа што и тука тој го користеше истиот принцип како и во паметењето, односно работеше преку слики.
Способностите на Шерешевски никогаш до крај не се истражени. Лурија забележа дека Шерешевски има изразена подвоеност на свеста, како и кај подвоените личности: тој зборуваше сам со себе во име на две различни лица и често тоа го правеше на глас, дури иако во близина беа присутни други луѓе. Меѓутоа, никој од оние што го прегледуваа Шерешевски не најдоа кај него какви било ментални пореметувања.
Соломон за последен пат се појави во јавноста во 1953 година, кога интересирањето за неговата личност веќе постепено започна да избледува. Пет години подоцна почина од бубрежна инсуфициенција. Сепак, техниката на паметење што тој ја формулираше и понатаму се практикува кај наставниците и кај глумците.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа