Руски траги во родословието на новиот англиски крал Чарлс Трети

Ashley Crowden / AFP Британскиот принц Чарлс, принц од Велс, ја гледа парадата на припадниците на 1 Кралска драгунска гарда во Кардиф, 5 јули 2022 година
Ashley Crowden / AFP
Британското кралско семејство во поголема мера е поврзано со династијата Романови одошто некој би можел да помисли. Обата родители на новиот крал имаат врска со руските цареви.

Сите европски кралски семејства се меѓусебно поврзани со долги роднински врски. Особено се поврзани Виндзорови и Романови. Сето тоа не било можно без кралицата Викторија, која ја нарекуваа и „бабичката на Европа“.

Прадедото на новиот крал Чарлс Трети по мајчина линија бил британскиот крал Џорџ Петти, внук на кралицата Викторија. Нејзина внука била и Аликс од Хесен, односно Александра Фјодоровна, сопругата на последниот руски цар Николај Втори Романов.

Global Look Press Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, војвода од Единбург.
Global Look Press

Од друга страна, Џорџ Петти на Николај Втори му бил братучед по мајчина линија, со оглед на тоа што нивните мајки Александра од Данска и Марија Фјодоровна (Дагмар од Данска) биле сестри. И двајцата владетели неверојатно си личеле, а биле и прилично блиски. Кога болшевиците го убиле царот Николај Втори и неговото семејство, Џорџ Петти во свој дневник напишал: „Тоа беше подмолно убиство. Му бев преден на Ники кој беше најдобриот човек на светот и вистински џентлмен. Ја сакаше својата земја и својот народ“.

А, што е со родословието на кралот Чарлс Трети по таткова линија? И во него има длабоки руски траги. Неговата баба по таткова линија (мајката на принцот Филип) беше принцезата Алиса од Батенберг, внука на императорката Александра Фјодоровна и воедно трета братучетка на Николај Втори.

Public domain Ољга Константивновна, сопруга на грчкиот крал Џорџ Први. // Принцот Андреј од Грција и Данска.
Public domain

Од друга страна, дедото на Чарлс по таткова линија, принцот Андреј од Грција и Данска, е исто така потомок на Романови (дури и има служено во руската армија!). Рускиот цар Николај Први ѝ бил дедо на мајката на Андреј, Ољга Константиновна, консорт-кралицата на Грција. Работите се малку замрсени, ама такви се родословијата.

Посета на Русија

Многу претставници на татковата линија на Чарлс биле православни Грци. Принцот Филип, неговиот татко, беше православен христијанин додека не се ожени со кралицата Елизабета. Чарлс е голем симпатизер на Православната црква. Познат е фактот дека има одено на аџилак на Света Гора на Атос.

Се зборуваше дури и дека се има крштевано по православен обред, но статусот не му дозволува да премине од англиканската во некоја друга црква. Определени британски медиуми, меѓутоа, соопштуваат дека на ѕидовите во резиденцијата на Чарлс во Хајгроу стојат православни икони.

Сергеј Компанијченко / Sputnik Посетата на Англиската делегација на Русија од 16 до 19 мај 1994 година. Наследникот на англискиот престол, принцот Чарлс (во средината).
Сергеј Компанијченко / Sputnik

Во 1994 година принцот Чарлс го посети Санкт Петербург на покана од страна на градоначалникот Анатолиј Собчак. Потоа беше во посета на Петропавловската тврдина (каде се погребани многумина Романови) и прошета низ градот.

Сергеј Компанијченко / Sputnik Наследникот на англискиот престол принцот Чарлс во Храмот на светите апостоли Петар и Павле покрај гробницата на Романови.
Сергеј Компанијченко / Sputnik

Чарлс ја посети Русија и во 2003 година.

INTERPRESS / AFP Британскиот принц Чарлс во Музејот на вода во Санкт Петербург на 14 јули 2003 година.
INTERPRESS / AFP

Прошета низ Санкт Петербург и Петергоф, поранешната резиденција на руските цареви. По екскурзијата по Големиот петергофски дворец принцот Чарлс прошета низ алеите. Го воодушевија познатите петергофски фонтани.

Сергеј Смолски / TASS Принцот Чарлс од Велс во посета на летната кралска резиденција во Петергоф.
Сергеј Смолски / TASS

Потоа се упати кон руските Соловецки острови во Белото море, каде се наоѓа познатиот древен Соловецки манастир.

John Stillwell/PA Images / Getty Images Принцот од Велс влегува во Соловецкиот манастир на Соловецките острови, во близина на Арктичкиот круг во Белото Море, на северот од Русија.
John Stillwell/PA Images / Getty Images

Чарлс изјави дека отсекогаш сакал да ја посети оваа православна светиња. Им оддаде почит на жртвите на Соловецкиот гулаг во кој беше претворен манастирот во советско време, и засади садници на сибирска елка во манастирската ботаничка градина.

На свадбата на принцот Вилијам новинарите забележаа православни икони на церемонијата, што беше израз на почит кон сите православни роднини на принцот Филип, и секако, кон Чарлс.

John Stillwell/PA Images / Getty Images Поглед од големата западна порта свртена кон исток во Вестминстерската палата во Лондон.
John Stillwell/PA Images / Getty Images
<