Како глувците ѝ помогнаа на Црвената армија да ги победи Германците во Сталинград

Legion Media; Државен историски музеј на Јужен Урал
Legion Media; Државен историски музеј на Јужен Урал
Жртва на патриотски настроените глодари беше 22-та тенковска дивизија на 48-от тенковски корпус на Вермахтот. Додека во Сталинград се водеа жестоки улични борби, оваа дивизија служеше како резерва и беше стационирана недалеку од градот.

Неколку месеци нивните лесни тенкови Pz. 38(t) од чехословачко производство стоеја во полињата, скриени во длабоки ровови и заштитени со слама од претстојните мразови. Моторите не работеа бидејќи требаше да се штеди горивото.

Аркадиj Шаjхет/Приватна колекциja
Аркадиj Шаjхет/Приватна колекциja

На 19 ноември 1942 година советските трупи ја започнаа операцијата „Уран“ за да ја опколат германската група заглавена во Сталинград. Нападите беа вршени главно врз позициите на слабите романски трупи кои беа на крилата на германската главнина. 22-та тенковска дивизија доби наредба веднаш да ѝ тргне на помош на 3-та романска армија, која беше на работ на катастрофата.

German Federal Archives Фридрих Паулус
German Federal Archives

Меѓутоа, дел од тенковите не можеа да запалат, а други се расипуваа среде маршот. Како што се покажа, виновници за дефектите беа глувците кои живееја во сламата бидејќи изгризале дел од електричните инсталации.

Archive photo
Archive photo

На крајот, во решавачкиот момент, од стотината тенкови подготвени за битка беа само нешто повеќе од триесет. Германската дивизија не успеа да се спои со 1-та романска тенковска дивизија, па по борбените судири во реонот на населбата Песчани беше принудена да се повлече.

Германците многу сериозно го сфатија инцидентот со глувците во 22-та тенковска дивизија.

Георгиj Зељма / Sputnik
Георгиj Зељма / Sputnik

Во директивата на командата на Групата армии „Дон“ од 5 декември 1942 година пишуваше: „Мора да се води сметка ваков инцидент никогаш да не се повтори, а особено мора постојано да се проверува исправноста на тенковите и другите оклопни возила. Сите единици, без исклучок, мора да добијат соодветни инструкции“.

 

<