GW2RU
GW2RU

Што одбележуваа Советите наместо православните обичаи, обреди и празници?

Public domain
Болшевиците се бореа против Црквата, но на почетокот посветуваа внимание на старите верски обреди на кои народот навикна и ги исполнуваа со нови, комунистички содржини.

„Православните веруваат дека Богородица е заштитничка на земјоделството. <…> Сега кај нас празникот Благовест (на Пресвета Богородица) поретко го одбележуваат. Работниците во колхозот кои обработуваат земја со помош на машини и ги применуваат правилата на агротехниката знаат дека жетвата не зависи од небесните покровители, но од луѓето, од нивната работа во колхозот“, ги поучуваше читателите „Календарот за антирелигозните за 1941“.

В. В. Маяковски, „Обреди“, корица на книгата.
Public domain

Верските празници кои паѓаа на почетокот на различни земјоделски работи во СССР се прогласени за „старомодни обичаи“ и суеверија. Наспроти тоа, се прокламираше вредноста на научно знаење и технолошкиот напредок. Тоа беше само еден вид масовно и систематско потиснување на црковните обичаи и влијанието на Црквата од животот на советските граѓани.

Работници на Харковската фабрика ги претвораат црквените садови во старо железо.
Sputnik

Од друга страна, болшевиците не беа свесни дека не е можно едноставо да се „укине“ религијата, зашто таа заземаше мошне важно место во секојдневниот живот на голем број граѓани. Црквата во царско време водеше сметка за календарот, беше задолжена за прашањето на образованието, за венчавките и погребите и го регулираше моралот и неговите норми. Оттука комунистите настојуваа ритуалите и обредните аспекти од животот да го исполнат со нова содржина.

Борба со религијата

Од влијанијата на Црквата новите власти почнаа да се ослободуваат веднаш по Октомвриската револуција во 1917 година. Црквата беше одвоена од државата, лишена од финансирање, имот, а на свештенството му беше одземено правото на глас. Дури и црковниот брак ја изгуби својата правна сила, така што во новите околности беше неопходно да се склопи граѓански брак.

Public domain

Најмногу беше гонета Православната црква, но настрадаа и другите конфесии, како и староверците. На сектите новата власт им беше кратко време наклонета, а потоа и тие дојдоа на ред.

Болшевиците во 1918-1920 покренаа кампања за отворање на моштите, а 1921-1922 кампања за одземање на црковните скапоцености. Од 1922 година со прашањата на верата започна да се занимава Антрелигиската комисија. Меѓу нивните задачи беше „преформатирање“ на верската свест кај населението и искоренување на „остатоците“ од православието. Со пропаганда на атеизмот интензивно се занимаваше „Сојузот на милитантни атеисти“.

Властите работеа на развој на сценарио за прослава на комсомолски Божиќ и Велигден и организираа печатење разна антирелигиска литература и периодични изданија за возрасни и за деца. Во тие пропагандни материјали црковните обичаи се нарекуваа „дивјачки“ (пагански) корени кои, наводно, влечат, а верниците се обвинуваа за шпионажа и за работа за странски разузнавачки служби и за непријатели на комунистите.

Црвени венчавки

Црковна венчавка
Public domain

Кога кон крајот на дваесеттите години црковниот брак ја изгуби законската сила беше одлучено свадбениот обред да се замени со „црвена венчавка“. Таа од претходната и од традиционалната венчавка се разликуваше по тоа што не беше семејна, туку „општествена“. Со пормоцијата на новата традиција главно се занимаваше Комсомолот – партиска младинска организација.

Свеченоста се организираше без венчални прстени и без венчаници, туку со декорација на агитациски плакати. Улогата на служител на новиот култ ја извршуваа секретарите на комсомолските и на партиските организации кои им даваа совети на младенците. Во таа пригода им подаруваа агитациска литература, трудови на Ленин и дела на други комунистички лидери.

Карактеристична беше песничката „Мајка ми сакаше да ме венча по старински – со прстени. А поинако сѐ се одигра – во клуб со комсомолците“.

Ѕвездини или октобрини

„Октобрина“ во еден од работничките клубови, 1924.
Public domain

Ова беше советски еквивалент за крштевање во црква и претставуваше свеченост за запишување податоци за детето во матичната книга на родените. Наталија Лебина, историчарка и културолог, истакнува дека „ѕвездините“ се приредувале во фабричките клубови.

На родителите им честитаа лидерите на партиските и на комсомолските организации на нивните претпријатија. Им подаруваа марксистичка литература и влијаеја на нив на децата да им дадат револуционерни имиња. На пример Варлен (скратено од „Великата армија на Ленин“), Вилен и Владлен (од „Владимир Иљич Ленин“), Сталија (од „Сталин“) или Побиска (од „поколение на борците и градетелите на комунизмот“).

Црвени погреби

Погреб на жртвите од Февруарската револуција.
Руска национална библиотека

Погребите беа исто така важни ритуални обреди, исто како и крштевките и венчавките, и тие требаше да се преформатираат. Пред сѐ погребите почнаа да се вршат без свештеник и без парастоси. А, традиционалното опело за покојникот беше дозволено само по добивање потврда за регистрација на смртаа од локалните советски власти.

Голема штета на погребните традиции им нанесе и пропагандата за кремација. Православието наложува телото по смртта да се предаде на земјата, а не на огнот, и затоа болшевиците палењето на покојниците го сметаа за антирелигиска кампања и за овој нов систем зборуваа дека е „катедра на атеизмот“. На почетокот на 1919 година Ленин го потпиша декретот со кој беше дозволена кремација, па дури и се дава предност пред погребувањето.

Првиот крематориум во земјата се појави во декември 1920 година во Петроград. Работеше два месеци. Од кремирањето се откажаа кога за време на граѓанската војна мерките на милитантниот комунизам прераснаа во нова економска политика. Вториот крематориум се појави во Москва дури во 1927 година. „Крематориум значи крај на моштите и останатите чуда. Крематориумот значи хигиена и поедноставен погреб. Тоа е одземање земја од мртвите за живите“; пишуваше таа година списанието „Огоњок“.

Нови календарски ориентири

Public domain

До Револуцијата од 1917 година државните празници главно беа поврзани за верските празници – Божиќ, Велигден, Вознесение и други. Историчарот Андреј Туторски пишува дека поголемиот број договори, како на село, така и во фабриките, биле склопени во Покровот на Пресвета Богородица до Велигден, а нивното раскинување значеше и нарушување на цел систем годишно планирање за мнозинството жители на Русија. Затоа традицијата не беше нагло прекината, но се презедоа определени мерки.

На почетокот на 1918 година Советот на народни комесари усвои Декрет за премин на грегоријанскиот календар. Тоа беше сторено од две причини. Прво, да се „држи чекор“ со мнозинството земји на светот, и второ, да се прекине црковната традиција. Пред Револуцијата од 1917 година во Русија важеше јулијанскиот календар зашто него го користеше Православната црква, и таа беше онаа која се противеше на преминот на грегоријанскиот систем. Во Советска Русија Божиќ, на пример, беше „поместен“ од 25 декември на 7 јануари, и до 1927 година беше неработен ден.

Public domain

Во исто време, беа востановени нови датуми во близина на старите празници, а жителите беа буквално принудени да ги слават во работните колективи. Така е воведена светската традиција за прослава на Нова година на 1 јануари со елка, која првобитно беше атрибут за Божиќ. Први мај се славеше со организирање демонстрации во чест на Денот на интернационалата (подоцна наречен Ден на солидарност со работниците или Празник на трудот), а 7 ноември се славеше како годишнина на Октомвриската револуција.

„Врачете му отказ на Христос. Знаењето е наш наставник, а книгата наш учител. Отфрлете ги семињата на суеверија. Отфрлете ги верските обичаи. Комуната на воскресението е 25 октомври (датумот на Октомвриската револуција по јулијанскиот календар – заб. авт.) Нашето место не е во валканата црквичка. На улица! Плакати во рацете! Над верата во нашите празници со оган вжешти ја науката“, напиша во 1923 година Владимир Мајаковски.

В. В. Маяковски, „Обреди“, корица на книгата.
Public domain

И покрај пропагандата, церемониите на црвените венчавки, на црвените погреби и на „ѕвездините“ не можеа да заживеат кај народот. На почетокот на луѓето не им беше до прослави, дури и најскромни, зашто во првите години по Револуцијата насекаде владееше голема сиромаштија и животот беше мошне тежок. Во градовите новите ритуали можеби и го привлекуваа вниманието на фабричката младина, но во селата традиционалниот поглед на светот беше непоколеблив. Подоцна, во годините на Новата економска политика (1021-1924) дојде до либерализација на режимот, па прославувањето на „пропишаните“ датуми послабо се контролираше и се надгледуваше. И на крајот, во 1943 година советскат власт започна да ги обновува односите со црквата, со што положбата на верниците донекаде беше подобрена.

Меѓутоа, календарот цврсто влезе во советското секојдневие. Згора на тоа, денес ниту православните христијани повеќе не го сметаат времето по јулијанскиот календар. Некои дури и не знаат дека 7 јануари е всушност 25 декември според јулијанскиот календар.