Споменици во Русија посветени на Првата светска војна

Ekaterina Tikun (CC BY-SA 4.0)
Ekaterina Tikun (CC BY-SA 4.0)
Во советско време Првата светска војна беше заборавена. Се сметаше дека тоа била „империјалистичка“ војна, а освен тоа, Граѓанската војна што ја пустошеше Русија во тоа време остана во длабоката меморија на народот. Дури во модерна Русија на хероите од Првата светска војна им се оддаде должна почит.

Споменикот на хероите од Првата светска војна на ридот Поклонаја Гора во Москва беше поставен во 2014 година по повод стогодишнината од влегувањето на Русија во овој крвав вооружен судир. Се состои од два елементи: едниот е бронзена фигура на војник на висок столб, а другиот е композиција од неколку фигури на кои е прикажан офицер како предводи војници во напад пред знамето на Русија.

L-BBE (CC BY 3.0)
L-BBE (CC BY 3.0)

Според идејата на авторот на споменикот откриен во Калининград во мај 2014 година, фигурите на офицерите, војниците и селаните би требало да го симболизираат сенародното единство во заштитата на Татковината. Фигурата на милосрдната сестра наведната над ранет маж му оддава почит на подвигот на руските жени во овој суров конфликт.

LunniyMalchik (CC BY-SA 4.0)
LunniyMalchik (CC BY-SA 4.0)

Споменикот „На славните синови на татковината козаците и Кавкасците – јунаци на Првата светска војна“ во Краснодар ги симболизира пријателството и слогата на козаците и кавкаските народи за време на борбата со надворешниот непријател. Околу 100 илјади кубански козаци учествуваа во битките против Германците, Австријците и Турците. Кавкаските народи не беа мобилизирани во армијата, но многу од нив доброволно отидоа во војна.

MrYantit (CC BY-SA 3.0)
MrYantit (CC BY-SA 3.0)

Годишнината од почетокот на Првата светска војна беше одбележана и во Липецк во 2014 година. Овде, споменикот е направен во форма на столб висок 17 метри кој наликува на бајонет на брзострелната пушка „Мосин-Нагант“ (главната пушка на руската царска армија). На врвот на столбот е стариот грб на Русија - двоглавиот орел, а во неговата средина се Георгиевските крстови (едно од најважните одликувања во Руската империја).

Google Maps
Google Maps

Споменикот во градот Азов во Ростовската област е посветен на козаците (125 илјади) кои учествуваа во Првата светска војна. Околу 37 илјади од нив беа наградени со различни одликувања за нивната храброст на бојното поле.

Dmitry89 (CC BY-SA 4.0)
Dmitry89 (CC BY-SA 4.0)

Споменикот во Псков е посветен на сите учесници во Првата светска војна, но особено на 11-тиот пешадиски псковски полк и жителите на Псковската област во другите единици на Руската царска армија. Претставува фигура на војник кој оди во напад држејќи пушка во рацете. Зад него се виори знаме со ликот на Богородица и грбот на Русија.

Legion Media
Legion Media

Споменикот „Во сеќавање на заборавената војна што го промени текот на историјата“ во градот Гусев во Калининградската област фундаментално се разликува од другите споменици на хероите од Првата светска војна на територијата на Русија. Во центарот на композицијата е војник распнат на „тркалото на судбината“. Од двете страни стојат неутешена вдовица и мајка кои во очајно ги подаваат рацете кон него. Споменикот е посветен на споменот на руските војници загинати на 20 август 1914 година во битката кај Гумбинен (тогашното име на Гусев). На тој ден среќата беше на страната на руската војска.

Ekaterina Tikun (CC BY-SA 4.0)
Ekaterina Tikun (CC BY-SA 4.0)
<