Како изгледала Москва во времето на Лев Толстој (ФОТО)

Јулиј Мебиус/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Јулиј Мебиус/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Иако познатиот руски писател не живеел постојано во престолнината, во неа имал куќа. Москва, освен тоа, зазема е едно од централните места во неговиот роман „Војна и мир“.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон!  Cо „Телеграм“ сме секогаш со вас! 
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Лев Толстој е роден на семејниот имот во Јаснаја Пољана недалеку од Тула кадешто го минал поголемиот дел од својот живот. Меѓутоа, во младоста, како и во подоцнежните години, често престојувал во Москва и тука поминувал подолги периоди. Да ја запознаеме руската престолнина со очите на рускиот писател.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Првата адреса на Толстој во Москва е на улицата Пљушиха, која се наоѓа недалеку од Новодевичиот манастир. Затоа тој уште во детството тука често се шетал и многу го сакал ова место. Денес во близина на скверот на Девичјите поља се наоѓа споменик на писателот.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru; Valbaro(CC BY-SA 4.0)
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru; Valbaro(CC BY-SA 4.0)

Најраната фотографија на Толстој – вака изгледал кога бил млад (1848 година, тука има 20 години).

Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Толстој често престојувал во вилата на Поварската улица која порано им припаѓала на неговите роднини, семејството Боде-Количов. Се смета дека токму оваа градба е опишана во романот „Војна и мир“ како куќата на Ростови.

Слободни извори
Слободни извори

А, оваа куќа на улицата Воздвиженка 9 ја преживеала војната од 1812 година и големиот московски пожар. Тука писателот често престојувал. Ова место е овековечено како куќата на стариот Болконски во романот „Војна и мир“.

Oldmos.ru
Oldmos.ru

Во 1836 година било решено огромната цар-камбана којашто е оштетена во пожар уште во 18 век да се постави како споменик на пиедестал во Кремљ. Околу неа се собирале голем број луѓе. Малиот Толстој кој првпат дошол во Москва во 1837 година можеби бил меѓу насобраните.

Фердинанд Бјуро/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Фердинанд Бјуро/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Во 1839 година свечено бил поставен камен-темелникот на идниот Храм на Христос Спасителот во знак на сеќавање на војната од 1812 година. 11-годишниот Толстој бил сведок на овој настан. А, дали можел да насети дека светска слава ќе му донесе имено романот за оваа војна? (Фотографија од осумдесеттите години на 19 век).

Иван Баршчевски/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Иван Баршчевски/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Оттогаш храмот е и урнат и повторно подигнат, а просторот околу него во голема мера се промени. Додека зградата на Бољшој театар, изградена во 1856 година, е останата речиси непроменета.

Шерер, Набго1ц и Кº/ МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Шерер, Набго1ц и Кº/ МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Ова е московската вила на Толстој во населбата Хамовники што ја купил во 1882 година и каде ја минувал секоја зима сè до 1901 година. Не сакал да се пресели во Москва, но тука му било полесно да работи со издавачите. Освен тоа, неговите деца оделе на факултет.

М. Котљарова/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
М. Котљарова/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Во московската куќа писателот има напишано околу сто дела, вклучувајќи ги и своите познати ремек-дела: романот „Воскресение“, новелите „Кројцерова соната“, „Смртта на Иван Илич“, „Холтомер“, „Хаџи Мурат“ и трактатот „Во што е мојата вера?“ На фотографијата го гледате писателот во кабинетот на неговата куќа во населбата Хамовники.

Слободни извори
Слободни извори

Во оваа куќа Толстој не живеел постојано, ами само ги минувал зимите од 1882 до 1901 година. Денес тука се наоѓа Музејот на Толстој.

П. Преображенски/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
П. Преображенски/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Во Големата сала во куќата во населбата Хамовники се приредувале вечери со голем број гости. Кај семејството Толстој и се музицирало.

Пјотр Павлов/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Пјотр Павлов/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Тука пеел лично Фјодор Шаљапин, а настапувале и Сергеј Рахманинов и Николај Римски-Корсаков.

Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Толстој бил сведок на изградбата и на уште една градба која претставува симбол на руската престолнина. Во 1883 година во овој дворец во руски стил отворен е Историскиот музеј. Зградата од црвена тула на тој начин хармонично се вклопила во ансамблот на Кремљ и на Црвениот плоштад, така што неупатен човек не би можел ни да насети дека е изградена неколку векови подоцна.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Во 1839 година на местото на неугледниот пазар којшто Толстој без сомнение го затекнал, на Црвениот плоштад е изградено вистинско архитектонско чудо: голем трговски центар во псевдоруски стил. Денес тоа е ГУМ, еден од најпознатите трговски центри во градот.

Пјотр Павлов/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Пјотр Павлов/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Кај Толстој во Јаснаја Пољана и во Москва секогаш доаѓале голем број почитувачи. Тој тука се гледал и со познати луѓе, како што е, на пример, сликарот Иљја Репин кој има насликано неколку негови портрети, или скулпторот Паоло (Павел) Трубецки, кој на фотографијава ја обликува бистата на Толстој.

Софија Толстаја/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Софија Толстаја/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru

Толстој, кој бил жива легенда, можеле да го сретнат како шета низ градот. Еве, на пример, на оваа фотографија тој шета со својот секретар Владимир Чертков.

Государственный музей Л. Н. Толстого
Государственный музей Л. Н. Толстого

Во 1896 година одржано е свеченото крунисување на Николај Втори. Цел град по тој повод бил неверојатно украсен. На свеченоста дошла и сопругата на Толстој со помладите деца.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Додека тој, познат по своите речиси анархистички ставови, останал во Јаснаја Пољана и во дневникот запишал: „Читав за крунисувањето и се ужаснував поради свесното прелажување на луѓето“. Подоцна ја прокоментира и трагичната смрт на луѓето во турканицата на Ходинското поле: „Страшен настан во Москва, загинаа 3.000 луѓе“. На фотографијата е накитениот Дом на Пашков наспроти Кремљ.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Патем речено, тетката на Толстој Александра Андреевна Толстаја била дворска дама на царскиот двор. Често го бранела „анархистот“ Толстој пред самиот цар.

Слободни извори
Слободни извори

Во деведесеттите години од 19 век во Москва била изградена една од најнеобичните градби: на трговецот Арсениј Морозов во неомавритански стил на улицата Воздвиженка. Денес ова е Домот за прием на владата на Русија, а порано оваа куќа била предмет на потсмев на цела Москва. Толстој исто така реагирал на неа во романот „Воскресение“. Минувајќи покрај градбата, јунакот на романот Нехљудов размислува за изградбата на „глупавиот непотребен дворец за некој глупав и неупотреблив човек“.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Толстој ја познавал Москва од различни агли. И нејзината свечена и гламурозна, но и бедната, босјачка страна. На фотографијата можете да го видите Сухарјовскиот пазар и денес непостоечката Сухарјовска кула. Таа се наоѓа во близина на најозлогласениот дел од Москва, Хитровка, која била полна со маргинални ликови и злосторници.

Збирка на А. Мелитоњан/russiainphoto.ru
Збирка на А. Мелитоњан/russiainphoto.ru

Генерално, Толстој не ја сакал Москва... и повеќе пати има речено дека таму владее целосен разврат со сиромаштија. „Смрдеа, камен, раскош, беда. Разврат. Се собрале кучките што го опљачкаа народот, се собрале војници и судии за да ја чуваат нивната оргија. И пируваат. Народот повеќе нема што да прави, ами користејќи ја страста на овие луѓе, од нив да го измамува украденото“, има запишано Толстој во дневникот. На фотографијата се бездомници кај прифатилиштето.

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
МАММ/МДФ/russiainphoto.ru

Сепак, современа Москва во голема мера се разликува од онаа што ја има видено Толстој. На пример, во советско време се урнати ѕидините на Китај-город, кој беше уште едно кале освен Кремљ. Порано во центарот на градот можело да се дојде само низ неговите порти. На фотографијата е една од нив: Владимирската порта на Лубјанка.

Петр Павлов/Государственный музей Л. Н. Толстого/russiainphoto.ru
Петр Павлов/Государственный музей Л. Н. Толстого/russiainphoto.ru

Во седумдесеттите години од 19 век во Москва е пуштен во сообраќај коњски трамвај, всушност вагон што го влечеле коњи. Лев Толстој ги обожавал сите технички иновации и, секако, се возел во коњскиот трамвај. „Го набљудував со изненадување и со радост Лев Николаевич (Толстој) како младич (на 72 години) како со цела брзина се качува на скалата од вагонот <...> Во вагонот имаше куп народ, така што Лев Николаевич мораше долго да стои на скалата, додека патниците не се помрднаа за да му направат место“, се сеќава во 1900 година историчарот Николај Никољски.

Сојуз на фотографите на Русија/russiainphoto.ru
Сојуз на фотографите на Русија/russiainphoto.ru

И за крај една ретка фотографија: Лев Толстој во зоолошката градина во Москва! Една од најстарите во Европа. Московската зоолошка градина е основана во 1864 година и постои до денешен ден.

Јулиј Мебиус/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
Јулиј Мебиус/Државен музеј на Л.Н. Толстој/russiainphoto.ru
<