GW2RU
GW2RU

Како тоа остров во СССР го носеше името по најлутиот непријател на болшевиците?

Russia Beyond (Photo: Public domain)
Тој непријател беше „Врховниот владетел на Русија“, адмиралот Александар Колчак. Долго пред Граѓанската војна тој како научник и стручњак за хидрографија учествуваше во Руската поларна експедиција.

Во 1901 година експедицијата откри ненаселен остров во Карското море во Северниот Леден канал. Беше одлучено е да се именува по Колчак.

Учесниците во поларната експедиција на бродот „Зарја“. Колчак е трет од лево во горниот ред.
Јавен домен

По завршувањето на војната, името на еден од водачите на поразеното Бело движење во СССР требаше да биде заборавено. Советската наука исто така ги игнорираше достигнувањата на адмиралот во областа на науката.

Командантот на Црноморската флота адмирал Александар Колчак
Јавен домен

Меѓутоа, островот Колчак за чудо го задржа своето име. Дури во 1937 година властите го забележаа „пропустот“ и брзо го преименуваа островот во чест на друг учесник на истата експедиција - козачкиот подофицер Степан Расторгуев.

Островот Колчак на мапата во јужниот дел на Тајмирскиот залив
Јавен домен

Во тој момент никој во брзината не обрна внимание на фактот дека во Карското море веќе постои Расторгуев остров. Така долго време на картата имаше два острова со исто име, сé додека во 2005 година не се разреши таа збрка, кога на островот му беше вратено името Колчак.