
Како една жена им објави војна на најголемите бандити во Ленинград

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во 1920-тите, поранешната престолнина на царска Русија преименувана во Ленинград, малку се разликуваше од гангстерскиот Чикаго. Криминалците имаа мноштво засолништа низ цел град, ја контролираа разгранетата мрежа на подземјето и сите траги водеа до Лиговка, каде што во јуришите на бандитските станови редовно гинеа и милиционери и бандити. Долгогодишната криминална хронија на Лиговка – најопасниот реон - ја пресече Паулина Онушонок, началник на 11-тото одделение на милицијата во Ленинград.
Ноќе, преправена во бездомничка, таа одеше во бандитските дувла и на тој начин собираше информации за криминалците. Дење планираше каде и како да им приреди изненадување.
Многу брзо нескротенаната и бучна Лиговка се претвори во уреден работнички булевар.
Бидејќи Онушонок имаше искуство во работата со проблематична младина, на нејзина иницијатива во 11-тата станица на милицијата беа отворени првите детски одделенија во земјата. Таму децата без надзор беа контролирани и превоспитувани да не станат криминалци.