Зошто Италија во Втората светска војна се бореше против СССР?

Legion Media Италијанскиот експедициски корпус за време на посетата на Мусолини на фронтот.
Legion Media
Адолф Хитлер не планираше да го вклучи својот главен сојузник во „крстоносната војна против болшевизмот“. Тој веруваше дека Рим и без тоа има многу проблеми.

Италијанците мораа да држат на готовност големи окупациски сили на Балканот и во Франција.

Paxox(CC BY-SA 4.0) Генерал Малагути со италијански офицери. Русија 1942.
Paxox(CC BY-SA 4.0)

Тие практично целосно ги загубија своите колонии во источна Африка, а во северна Африка преживеаја само благодарение на германските трупи на генералот Ервин Ромел.

Getty Images Италијанскиот Експедициски корпус парадира пред Мусолини и германското воено аташе во Рим пред заминувањето во војна против Советскиот Сојуз, почеток на јули 1941.
Getty Images

И покрај тоа, Бенито Мусолини го убеди Хитлера да им даде на неговите војници шанса да учествуваат во операцијата „Барбароса“.

Public domain Италијански елитни стрелци (берсаљери) на мотоцикли во предградието на градот Сталино (Донецк).
Public domain

Според шифрираната телеграма на советскиот разузнавач Анатолиј Горски објавена во 2020 година, Дуче се надевал дека по уништувањето на СССР „ќе добие посебни права на воспоставување италијански протекторат во југозападниот дел на Русија“.

Public domain Италијански берсаљери во Русија 1942 година.
Public domain

Меѓутоа, додека Финска и Романија можеа да сметаат на свој дел од огромниот советски колач, Мусолини никогаш не доби некакви конкретни ветувања од водачот на Третиот Рајх.

Германски сојузен архив (Бундесархив) Италијански војник кај Харков, Русија.
Германски сојузен архив (Бундесархив)

Италија веќе на 22 јуни 1941 година му објави војна на Советскиот Сојуз, а во август испрати експедициски корпус од околу 60000 војници. Следната година врз иста основа беше распоредена 8-та армија.

Public domain Противтенковската дивизија „Сфоресца“ отвора оган, Русија.
Public domain

Излезе дека Италијанците се целосно неподготвени за војна. Имаа огромни проблеми со оружјето, транспортот и снабдувањето.

Getty Images Трупови во снег. Повлекување од Донскиот фронт, декември 1942 – јануари 1943.
Getty Images

Кон крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година тие претрпеа страшен пораз од Црвената армија на Дон. Набргу потоа, исцрпените италијански трупи итно беа вратени во татковината.

Getty Images Италијански трупи во Русија.
Getty Images

На Источниот фронт се убиени, заробени или исчезнати 114000 италијански војници. Фијаското на 8-та армија го шокираше италијанското општество и беше една од главните причини за брзиот пад на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

Getty Images Руски трупи на Дон со запленето знаме на италијански полк.
Getty Images

<