Зошто во СССР за време на Втората светска војна се стрелани команданти на Црвената армија?

Russia Beyond (Photo: Public domain)
Russia Beyond (Photo: Public domain)
Многу генерали беа неосновано обвинети за „кукавичлук“ и „предизвикување паника“ и стрелани по кратка постапка. По смртта на Сталин, сите беа посмртно рехабилитирани.

Катастрофалниот почеток на војната против нацистичка Германија го шокираше советското општество. Сите веруваа дека Црвената армија лесно ќе го запре и ќе го потисне непријателот на негова територија. Наместо тоа, војската трпеше тешки порази и постојано отстапуваше кон исток.

Некој мораше да одговара за неуспесите, така што во Вооружените сили веднаш почна „лов на вештерки“. Многу советски команданти беа уапсени и стрелани под обвинение за „кукавичлук“, „предизвикување паника“ и „напуштање на стратешките позиции без дозвола од командата“.

Најголем удар е зададен на командата на Западниот фронт, каде што во јуни и јули 1941 година Црвената армија беше поразена во битките за Бјалисток и Минск. Беа егзекутирани командантот на фронтот, началникот на штабот, началникот за врска, началникот на артилеријата, командантот на воздухопловните сили на фронтот и низа други команданти.

Генералите не беа репресирани само поради пораз на фронтот. Уште пред почетокот на војната беа покренувани постапки за нивно учество во „антисоветски заговор“, а смртни пресуди им беа изрекувани кога војната веќе беше во полн ек.

Највисоките чинови повеќето се репресирани во најтешкиот период за Советскиот Сојуз, т.е. во 1941 и 1942 година. По смртта на Сталин, сите стрелани команданти се рехабилитирани.

1. Началникот на штабот на Северозападниот фронт (пред војната на Северозападниот посебен воен округ), генерал-потполковник Петар Кљонов, уапсен е по неуспешниот обид на советските трупи да го запрат пробивањето на Вермахтот во балтичките држави на почетокот на војна.

Public domain Петар Кљонов
Public domain

Обвинет е за учество во „десничарска троцкистичка организација“ и „неактивност во раководењето со трупите на округот“. Стрелан е на 23 февруари 1942 година.

2. По поразот на главнината на силите на Западниот фронт во битките кај Минск и Бјалисток во летото 1941 година, уапсени се командантот на фронтот, генерал Дмитриј Павлов, и голем број високи офицери под негова команда. Сите се обвинети за „кукавичлук, самоволно напуштање на стратешките позиции без дозвола на врховната команда, за неактивност и хаос во командниот систем“.

Public domain Командири на Работничко-селанската црвена армија (РККА), 1940. Павлов е прв од лево.
Public domain

Павлов е стрелан на 22 јули 1941 година, заедно со својот началник на штабот генерал-мајор Владимир Климовски, началникот на фронтот, генерал-мајор Андреј Григорјев и командантот на 4-та армија Александар Коробков.

3. Началникот на артилеријата на Западниот фронт (пред војната - Западниот посебен воен округ), генерал-полковник Николај Клич, обвинет е за „криминална неактивност и небрежност, како резултат на што артилеријата на округот не беше подготвена за борбени дејствија, поради што во првите денови од војната најголемиот дел од артилеријата на Западниот фронт и муницијата падна во рацете на непријателот“. Стрелан е на 16 октомври 1941 година.

Public domain Генерал-потполковник Николај Клич
Public domain

4. По самоубиството на командантот на Военото воздухопловство генерал-мајор Иван Копец, што се случи на првиот ден од војната на 22 јуни 1941 година, на испразнетото место е поставен неговиот заменик, генерал-мајор на воздухопловните сили Андреј Тајурски.

Public domain Генерал-мајор на авијацијата Андреј Тајурски
Public domain

Меѓутоа, на 2 јули, Тајурски е сменет и обвинет за неисполнување на обврските, поради што трупите под негова власт претрпеа големи загуби во жива сила и материјални средства. Стрелан е на 23 февруари 1942 година.

5. Генерал-мајор Николај Гловацки, командант на 118-та дивизија, обвинет е за повлекување на трупите на другата страна на реката Велика за време на борбите за Псков во јули 1941 година, што ги извршил без писмена наредба од командантот на 41-та стрелечки корпус, генерал-мајор Иван Кособуцки.

Public domain Генерал-мајор Николај Гловацки
Public domain

Гловацки тврдеше дека добил усна наредба да го стори тоа, но Кособуцки не го потврди овој факт. Војсководецот е стрелан на 3 август истата година.

6. На почетокот на 1941 година, генерал-мајорот на авијацијата, пробниот пилот Александар Филин, остро го критикува раководството на советската воздухопловна индустрија, поради што еуапсен на 23 мај истата година.

Public domain Генерал-мајор на авијацијата, пробниот пилот Александар Филин со семејството, 1931. Фотографија на М. Калашников
Public domain

Обвинет е за „саботажа“ и „антисоветска агитација и пропаганда“. Филин е стрелан на 23 февруари 1942 година.

7. На самиот почеток на војната, 14-от механизиран корпус претрпе големи загуби во жива сила и техника за време на борбените судири на подрачјето на Брест и Кобрин. Поради оваа причина, на 8 јули е уапсен командантот на корпусот, генерал-мајор Степан Оборин.

Public domain Портрет на генерал-мајор Степан Оборин
Public domain

Осуден е на смрт и стрелан на 16 октомври 1941 година „за криминално небрежен однос кон службената должност што доведе до губење на персонал и имот“.

8. Доцентот на Артилериска академија „Ф. Е. Ѕержински“, генерал-мајор Макариј Петров, уапсен е на 30 јуни 1941 година за „антисоветизам“ и „учество во антисоветски воен заговор“.

Public domain Генерал-мајор Макариј Петров
Public domain

Осуден е на смрт со стрелање на 13 февруари 1942 година. Казната е извршена десет дена подоцна.

9. Заменик-началникот на штабот на Военото воздухопловство на Работничко-селанската Црвена армија, генерал-мајор на авијацијата Павел Јусупов, уапсен е на 17 јуни 1941 година, само пет дена пред почетокот на војната против нацистичка Германија.

Public domain Генерал-мајор на авијацијата Павел Јусупов
Public domain

Обвинет е за учество во антисоветска завера и стрелан на 23 февруари 1942 година.

<