Како му беше одземен идентитетот на девојчето од познатата фотографија со Сталин?
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Благодарение на официјалниот состанок на Бурјатско-Монголската Автономна Советска Социјалистичка Република во 1936 година земјата случајно ја доби една од најпопуларните фотографии на Сталин. „Самиот Бог ни ја испрати таа мала Бурјаткинка. Ќе направиме од неа икона на среќното детство“, рече тогаш главниот уредник на весникот „Правда“ Лав Мехлис.
Така и беше. Фотографијата на Сталин и Геља (полно име Енгелсина) беше објавена во сите весници со натпис „Благодариме другар Сталин за нашето среќно детство!“. Беше поставена на плакати, а познатиот скулптор Георгиј Лавров направи споменик на Сталин и Геља, кој се појавуваше насекаде. Девојчето стана популарно, но тоа не траеше долго.
Година и пол подоцна, нејзиниот татко беше уапсен, обвинет за шпионажа и стрелан, а мајка ѝ испратена во Казахстан, каде што во 1939 година умре под чудни околности и тој случај не беше истражен.
Геља не ја гибаа, но мораше да се реши прашањето на нејзиниот култ. Сталин повеќе не можеше да позира на плакати „со ќерката на непријателот на народот“, а од друга страна, не беше можно да се уништат сите весници и скулптури.
Тука властите покажаа орвеловска итрина и пронајдоа слично девојче, пионерката Мамлакат Нахангова, и ѝ го припишаа името на славното девојче, заедно со сите портрети и постери. Направија неколку нови фотографии на Мамлакат со скулптурата во позадина, како да е таа девојчето во прегратките на Сталин, а советските граѓани не забележаа ништо.
Малата Геља Маркизова ја усвои нејзината тетка, сменувајќи ѝ ги името и презимето. Геља стана ориенталист, си го проживеа мирно животот, роди две деца и почина на 76-годишна возраст.