Дулх-халтам, превкусно јадење од јагнешко и кнедли (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Јулија Мулино
Јадењата со тесто и месо се составен дел од кујната на кавкаскиот регион, вклучувајќи го и ова ингушко кулинарско ремек-дело - дулх-халтам. Состојките се прилично едноставни, но резултатот е нешто многу посебно.

Традиционалното ингушко јадење дулх-халтам се подготвува главно со користење на јагнешко месо како главна состојка; но можни се верзии со говедско, па дури и пилешко месо. Ова свечено јадење обично се готви за големи семејни собири и празници. Меѓутоа, кога го правите ова јадење за секојдневен оброк, можно е да се поедностави рецептот; на пример, сувото месо може да се користи како замена за месниот дел на јадењето.

Друг елемент на ова јадење се кнедлите од пченкарно брашно кои немаат фил. Тие се познати како галушки, како што ги нарекуваат во регионот на Кавказот. Всушност, тие наликуваат на њоки, а се варат во чорба со месо. Покрај тоа, се прават и со оваа чорба.

Количината на маст, сол и зачини во булјонот го одредува вкусот на кнедлите. За мене овој процес стана вистинско кулинарско откритие бидејќи бара само две состојки и минимален труд. Фино меленото пченкарно брашно се меша со булјонот, а потоа треба да се формира хомогено тесто и да се подели на големи парчиња. Со раце ќе ги обликувате кнедлите и ќе добиете примерок како прст. Лесно се обликуваат и ја задржуваат формата кога се варат. За оние кои преферираат производи без глутен, овие кнедли од пченка се вистински дар! Но, може да се направат и други верзии на кнедли; направени од обично пченично брашно, во вид на чамци или рамни квадрати.

Дулх-халтам може да се сервира со неколку видови сос - од компири и лук. На пролет обично се подготвува сос од див лук. Необичен факт е што во древните епови на кавкаските народи се споменува еден вид супа наречена „берх“. Првично ова јадење било подготвувано од ерусалимски артичоки. Дури многу подоцна, по појаватана компирот во Русија, артичоката била заменета со многу популарната кртола. Денес, берх сосот се состои од згмечен компир измешан со кромид и морков пржени на путер и прелиени со булјон. Постојат и верзии на ова јадење без моркови, но со мајчина душица.

Кога ќе се подготват сите состојки, се сервираат на маса - месото со кнедлите на рамна чинија, а сосовите и чорбата во чинии. Месото се сече на парчиња, а кнедлите се потопуваат во сосот од компири и лук. Превкусно!

Состојки за 2 порции:

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Супа:

  • Јагнешко со коски - 700 г
  • Вода - 3 литри
  • Чешне лук - 1 пар.
  • Ливче од кромид - 1 пар.
  • Морков - 1/2 пар.
  • Сол по вкус
  • Бибер - по вкус

Кнедли:

  • Пченкарно брашно (ситно мелено) - 150 г
  • Месна чорба - 100-120 мл

Сос од компири:

  • Компир - 2 пар.
  • Кромид - 1 глав. (минус ливче за булјонот)
  • Морков - 1/2 пар.
  • Чорба - 130 мл
  • Путер - 30 г
  • Сол по вкус
  • Мајчина душица, други зачински билки - по вкус

Сос од лук:

  • Лук - 3 чешниња
  • Чорба - 70 мл

Подготовка:

1. Јагнешкото измијте го, прелејте го со ладна вода, посолете го и почнете да го готвите. Вообичаените рецепти не препорачуваат да додавате ништо во супата, но јас решив да го подобрам вкусот со лук и кромид и моркови на ситни парчиња.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

2. Кога водата ќе почне да врие, важно е да се отстрани пената што се појавува одозгора.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Времето на варење ќе зависи од месото. Имав парчиња јагнешко со коска со ленти сало. За готвење на овој вид јагнешко беа потребни повеќе од два часа.

3. На крајот од подготовката на чорбата можете да почнете да ги правите кнедлите. Пченкарното брашно прелијте го со врелата чорба. Количината на вода зависи од квалитетот на брашното.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

4. Тестото треба да стане густо, а потоа да го завиткате во грутка.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

5. Тестото поделете го на 12 еднакви делови и формирајте овални кнедли со стискање во шаката во пределот на прстите. Ова се прави многу брзо.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

6. Потоа направете го сосот од компири. Решив да направам две верзии, со моркови и со мајчина душица. Излупете ги компирите, исечете ги на ситно и сварете ги во солена вода.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

7. Се пасираат или се мелат со блендер за да се постигне похомогена конзистентност. Поделете го на два дела.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

8. Кромидот пропржете го на путер додека да омекне.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

9. Додадете половина од кромидот на еден дел од пирето од компири - ова ќе биде основа за сосот од мајчина душица.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

10. На кромидот се додава ситно изренданиот морков и се пржи додека не омекне.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

11. Ова се додава во другиот дел на пирето од компири.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

12. Во помал сад измешајте го пирето од компири со кромидот и морковите и чорбата. Варете околу пет минути, често мешајќи. Едниот сос е готов.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

13. Вториот дел од пирето од компири и кромидот измешајте ги со булјонот, па додајте свеж тимијан. Крчкајте на ист начин 5 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

14. Изгмечете го лукот. Измешајте го во врелата чорба.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

15. Трите соса се готови.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

16. Месото извадете го од чорбата и поделете го на помали парчиња.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

17. Процедете ја чорбата.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

18. Кнедлите варете ги во булјонот околу 5-8 минути додека да омекнат. Проверувајте дали се готови. Не би требало да се распаднат и треба да останат меки.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

19. Месото и кнедлите послужете ги жешки со сосовите и зачинските билки. Пријатен апетит!

Јулија Мулино
Јулија Мулино
<