Првиот лифт во Русија не бил наменет ни за луѓе, ни за товар, туку за...

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“
...чинии, чаши и останати садови и прибор за јадење. Тоа бил лифт–трпеза!

Императорот Петар наредил во Петерхоф, неговата омилена приградска резиденција, да се изгради мал двокатен павилјон „Ермитаж“ („ермитаж“ на француски значи „место на самотија, ќелија, испосница“). Таквите павилјони биле популарни во Европа, од каде што императорот ја донел идејата во Русија.

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“

Подготвената храна се сервирала во приземјето во помошната просторија, а потоа се кревала на катот во салата со помош на лифт на рачен погон (со помош на јажиња). Централниот дел на масата и секоја чинија поединечно можеле да се спуштат во долната просторија, да се замени јадењето, а потоа да повторно да се крене на катот.  

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“

Зошто бил направен толку сложен механизам? За да може царот и неговите гости да разговараат на мира, без страв дека нивниот разговор ќе го слушнат љубопитните слуги.

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“

Покрај Петар, овој павилјон го сакале и другите цареви и често ручале и се забавувале во него. Во павилјонот „Ермитаж“ имало и вистински лифт за персоналот. Тоа било фотелја која се кревала на катот, исто така рачно со помош на јажиња. Меѓутоа, кога во 1797 година, за време на владеењето на Павле I, се скинало едно од јажињата на кои била прикачена фотелјата, наместо дотогашниот лифт биле изградени обични скалила.

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“

Оригиналниот механизам за подигање изгорел за време на Втората светска војна, а на катот од просторијата во која се гоштевале царевите Германците направиле митралеско гнездо. Во 2023 година механизмот за подигање беше повторно обновен и оспособен според цртежите и сега повторно работи.

Државен музеј-резерват „Петерхоф“
Државен музеј-резерват „Петерхоф“
<