Зошто туристите прават пирамиди од камења?

Ако одите на планина, дефинитивно ќе ги забележите ритчињата од камен наречени „гуриј“ или „тур“. Туристите ги прават и оставаат „за спомен“. Од каде потекнува овој обичај?
Кирилл Кухмарь / TASS На брегот на реката Катуњ, Онгудајски реон, Алтај
Кирилл Кухмарь / TASS

Во минатото луѓето ширум светот правеле вакви пирамиди за полесна ориентација. Така, на пример, големите пирамиди укажувале на могили или долмени. Гуриите поставени во правилни интервали можеле да го покажуваат правецот на движење. А гуриите на врвот на планина ја означувале највисоката точка.

Сергей Мальгавко / TASS
Сергей Мальгавко / TASS

Бурјатите и Тувинците имаат слични градби наречени „обо“ и кои исто така се наоѓаат покрај патишта и планински патеки. На нив може да се видат и лентички. Ги поставуваат како знак на почит кон локалните духови.

Татьяна Валько / TASS
Татьяна Валько / TASS

Современите туристи кои го сакаат планинарењето ги ставаат да ја обележат рутата за да не се изгубат и да остават информации за следните групи.

Лев Федосеев / TASS
Лев Федосеев / TASS

Меѓутоа, има и туристи кои прават пирамиди едноставно по инерција. Да речеме, нешто како натписот „Тука беше Вања“, само од камен.

Павел Кузмичов Пирамида на патот кон Териберка, Мурманска област
Павел Кузмичов
<