Кога почнува зимата во Русија?

Кирил Кухмар / TASS
Кирил Кухмар / TASS
Во некои региони веќе во октомври е време да се облече топла облека, додека во други луѓето сè уште не ја ни распакувале.

Жителите на Сочи можат да уживаат во последните топли денови на брегот на Црното море, додека во Москва и Казан почнува доцната есен. А зимата веќе пристигна на Урал.

Нека ви е среќен првиот снег! Бррр!

Жителите на Екатеринбург го дочекаа првиот снег на 26 септември, иако на Урал снегот обично почнува да паѓа на почетокот на октомври.

Донат Сорокин / TASS
Донат Сорокин / TASS

Во сибирските градови првиот снег обично паѓа во втората половина на септември, додека во ноември веќе владее вистинска зима. Додуша, големите студови доаѓаат малку подоцна.

Во Новосибирск првиот снег падна на 28 септември.

Александр Кряжев / Sputnik
Александр Кряжев / Sputnik

Во Братск во Иркутската област првиот снег исто така пристигна на 28 септември.

Владимир Смирнов / TASS
Владимир Смирнов / TASS

Првиот снег веќе ги изненади жителите на Кемерово и Краснојарск (јужен Сибир), некои делови на Јакутија (Далечниот Исток), Мурманск (север), па дури и Башкирија и Костромската област (централна Русија).

Андрей Сорокин / Sputnik Нерјунгри, Јакутија, снег на крајот на септември 2021.
Андрей Сорокин / Sputnik

Во планинските региони на Алтај (Сибир), новиот снег веќе падна кон средината на август. Иако ланскиот сé уште беше тука.

Андрей Варенков / Sputnik Алтај, лето 2021.
Андрей Варенков / Sputnik

Многу делови на руската поларна област исто така сé уште имаат снег од ланската зима. Освен тоа, снег паѓаше на Чукотка во текот на август.

Вячеслав Викторов / Росконгресс Анадир, август 2022.
Вячеслав Викторов / Росконгресс

Што е со Москва и Санкт Петербург?

На 14 октомври во Русија се слави традиционалниот христијански празник Покров на Пресвета Богородица.

Руската православна црква на тој ден го слави јавувањето на Богородица со покров, а според верувањата на старите Словени, тоа е денот кога се среќаваат есента и зимата. Често е токму времето на првиот снег. Иако главно се однесува на централниот дел на Русија.

Овде го гледате првиот снег во градот Кинешма.

Владимир Смирнов / TASS Кинешма, ноември 2021.
Владимир Смирнов / TASS

Во Москва снегот обично почнува да паѓа на крајот на октомври, но брзо се топи. Постојан снег почнува да ја покрива Москва дури во декември.

Алексей Куденко / Sputnik Москва, ноември 2021.
Алексей Куденко / Sputnik

Во Санкт Петербург снег паѓа во ноември и зимите овде обично не носат големи студови. Но, има многу студен дожд. Додуша, зимата 2021 година беше полна со снег и во Санкт Петербург!

Алексей Даничев / Sputnik Зима 2021/2022 во Санкт Петербург
Алексей Даничев / Sputnik

Чекајќи ја зимата

На Далечниот Исток (Владивосток, Јужно-Сахалинск, Петропавловск-Камчатски), локалното население ужива во првиот снег во ноември.

Виталий Аньков / Sputnik Владивосток во ноември 2021.
Виталий Аньков / Sputnik

Додека во јужните градови на Русија првиот снег паѓа поблиску до крајот на декември, понекогаш дури во јануари. Додека неколку години воопшто и не паѓа, иако тамошните жители не жалат поради тоа. Палмите под снег и не се некоја многу вообичаена глетка.

Дмитрий Феоктистов / TASS Зимата 2021/2022 во Сочи
Дмитрий Феоктистов / TASS

<