Запознајте го Псков – бисерот на историјата на стара Русија

Erwann Pensec / Getty Images
Erwann Pensec / Getty Images
Доколку никогаш не сте биле во Псков, посетете го овој град штом ќе ви се укаже прилика. После тоа секогаш ќе му се враќате!
Erwann Pensec / Getty Images
Erwann Pensec / Getty Images

Овој град во северозападниот дел на Русија е еден од најстарите во земјата. За прв пат се споменува во аналите во 903 година, кога на кнезот Игор од Псков му донеле невеста по име Олга. Подоцна таа ќе биде владетелка на руската држава и ќе биде прва меѓу владетелите што ќе го прими христијанството.

LARISA DUKA / Getty Images
LARISA DUKA / Getty Images

Ја основала и Троицката црква во Псковскиот Кром (тврдината). Денешната црква е изградена во XVII век на местото на старата.

Elena Titova / Getty Images
Elena Titova / Getty Images

Во градот има многу бисери на староруската архитектура, на пример, Мирошкиот манастир, каде што се зачувани фрески од XII век! Денес овој манастир е на листата на светското културно наследство на УНЕСКО заедно со уште 9 споменици на црковната архитектура во областа.

Ако храмовите не ви се особено интересни, можете да ги проучите извонредните псковски фортификациски утврдувања. Во минатото градот бил заштитник на западната граница на Русија, па затоа има голем број утврдувања.

Почнете од Кром, а потоа посетете го Изборск (30 километри од градот). Таму се снимаше и дел од филмот на Андреј Тарковски „Андреј Рубљов“.

Недалеку од градот се наоѓа и познатиот манастир кој е единствениот во Русија кој никогаш не бил затворен од неговото основање во 1473 година - Псковско-Печерската лавра.

Друго место што привлекува туристи во псковската земја се Пушкински гори. Таму е музејот „Михајловское“, имотот на семејството Пушкин. Големиот руски поет Александар Пушкин таму го поминал својот егзил во 1824-1826 година.

<