Сигурно не очекувавте да видите руски православни храмови во овие земји (ФОТО)

Legion Media
Legion Media
Руското православие се простира надалеку и нашироко, а тоа го докажуваат и овие изненадувачки цркви.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Бразил

Google maps
Google maps

Руската православна црква света Зинаида во Рио де Женеиро е подигната во триесеттите години од минатиот век од страна на емигрантите од постреволуционата советска Русија. На изгледот на црквата влијаела средновековната архитектура од Псковската област (на североистокот на Русија). Велат дека кога ќе влезете во храмот се чувствувате како да сте се нашле во срцето на Русија. Меѓутоа, кога ќе погледнете низ прозорецот, ја гледате огромната статуа на Христос Спасителот и Атлантскиот океан.

Куба

 Станислав Красилников / TASS
Станислав Красилников / TASS

Иницијативата во Хавана да се подигне православна црква на Казањската икона на Богородица му припаѓа на кубанскиот лидер Фидел Кастро. „Храмот во Хавана е замислен и е изграден како знак за руско-кубанското пријателство, како израз на благодарност на нашиот народ кој даде немерлив придонес за зачувувањето на Куба како независна држава во развојот на нејзиниот економски потенцијал“, рече патријархот московски и на цела Русија Кирил во 2008 година кога ја осветуваше црквата. Велат дека кубанската црква потсетува на Благовешченската црква на московскиот Кремљ.

Јапонија

Legion Media
Legion Media

Воскресенската црква во Токио е подигната во текот на Меиџи периодот од осумдесеттите години од 19 век. Се очекувало дека рускиот цар Николај Втори ќе се појави на нејзиното осветување во 1891 година. Меѓутоа, тоа не се случило, со оглед на тоа што некој се обидел да изврши атентат врз него во јапонскиот град Оц.

Мексико

Руска православна црква
Руска православна црква

Црквата на зачетокот на света Ана во Мексико потекнува од 17 век. Меѓутоа, претходно ѝ припаѓала на Римската католичка црква, а на Руската православна црква ѝ беше предадена во 2014 година.

Кина

Руска православна црква
Руска православна црква

Успенската црква во Пекинг е единствената активна православна црква во кинеската престолнина. Се наоѓа на територијата на руската амбасада. Подигната е во 1902 година, но во педесеттите години од минатиот век беше претворена во гаража. Беше реновирана во 2009 година.

Обединети Арапски Емирати

Legion Media
Legion Media

Руската православна црква на светиот апостол Филип се наоѓа во Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Ова е единствената руска црква на арапскиот полуостров. Отворена е во 2011 година и е најголема во земјата. Може да прими 20.000 верници.

Тајланд

St.jimmy.tbk/Wikipedia
St.jimmy.tbk/Wikipedia

На Тајланд нема многу православни верници, ги има околу 1.000, но има 10 православни цркви. Пред неколку години на островот Пукет беше подигната црква на света Троица и Православна духовна академија која го носи името на свети Инокентиј, митрополит московски.

Камбоџа

Dumitru Constantin/Google maps
Dumitru Constantin/Google maps

Првата руска православна црква во Камбоџа, црквата на светиот маченик Пантелејмон, е подигната пред шесь години. Христијаните се само 2% од популацијата во Камбоџа, а православни верници има уште помалку. Сепак, во земјата постојат четири православни храма.

<