GW2RU
GW2RU

Руски градови во празнично руво (ФОТОГРАФИИ)

Јакутскиот дух на зимата, получовек-полубик Чисхан и снегулката Харчана на централниот плоштад во Јакутск
Андреј Сорокин / Sputnik
Новогодишните декорации го креваат расположението и во најтемните и најстудените денови. А сијаличките на првата елка традиционално светнаа во Јакутск!
Вадим Скрjaбин / TASS

Во главниот град на Јакутија, на 1 декември на плоштадот „Орџоникиѕе“ се палат сијаличките на новогодишната елка и на тој начин се отвора фестивалот „Зимата започнува во Јакутија“, кој се одржува од 2011 година. Главните јунаци на оваа церемонија се Чуварот на зимата Чисхан и главниот руски Дедо Мраз кој за таа пригода специјално доаѓа од неговиот Велики Устјуг. Се разбира, елката е накитена со разноразни јакутски украси. 

Владимир Смирнов / TASS

За главен руски новогодишен град за следната 2024 година е избран Суздаљ. Жителите и гостите на овој стар град можат секоја вечер да го гледаат светлосното шоу на ѕидовите на Рождественскиот храм, кое раскажува за историјата на Суздаљската земја. 

Максим Богодвид / Sputnik

Пешачката улица „Бауман“ е центарот на Казан. Сега е украсена со многу новогодишни елки и прекрасни фигури.

Алесја Химич

Ледените скулптури во Норилск, градот зад Северниот поларен круг, ги имаат сите шанси да ги радуваат жителите и гостите на градот до пролет.

Администрација на Мурманската област

Во центарот на Мурманск свети главната елка и отворен е големиот ногодишен панаѓур. 

А вака изгледа новогодишниот Зеленоградск, одморалиште на брегот на Балтичкото море.  

Дмитриј Феоктистов / TASS

Сочи е еден од најтоплите градови во Русија, затоа елките стојат заедно со палмите.  

Администрација на Магадан

Новогодишната елка на далекоисточниот Магадан.  

Ханти Мансијск се стекна со статус на главен сибирски новогодишен град, затоа почнаа да го украсуваат уште од средината на септември. Главната елка е висока 33 метри! 

Владимир Смирнов / TASS

А во стариот трговски град Рибинск (Јарославска област) по улиците помина весела колона од јунаци од бајките предводена од Дедо Мраз.