Колку Ермитажи има во Русија?

Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0); Getty Images; Игорь Гордеев (CC BY-SA 4.0)
Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0); Getty Images; Игорь Гордеев (CC BY-SA 4.0)
Зборот „Ермитаж“од француски се преведува како „прибежиште или место на изолација“. Но, пред сè, тој се асоцира со главниот музеј на Русија - раскошно и ни малку изолирано место во центарот на Санкт Петербург. Меѓутоа, името „Ермитаж“ го носат и други објекти низ земјата. Не можеме да ги наброиме сите, бидејќи малку по малку некаде ќе се отвори ново кафуле „Ермитаж“. Затоа ќе ги наведеме само најпознатите.

Санкт Петербург

Maksim Konstantinov / Global Look Press
Maksim Konstantinov / Global Look Press

Музејот „Државен Ермитаж“ е комплекс од истоимени згради, меѓу кои се Големиот (Стар) Ермитаж, Малиот Ермитаж и Новиот Ермитаж. А исто така поседува и сопствен хотел со истото име, како и театарот Ермитаж.

Игор Гордеев (CC BY-SA 4.0)
Игор Гордеев (CC BY-SA 4.0)

Павилјоните со име „Ермитаж“ се наоѓаат и во Државниот музеј „Петерхоф“ и во Екатеринскиот парк, кој му припаѓа на музејот „Царско Село“ во градот Пушкин. Исто така во Пушкин има историски павилјон „Ермитажна кујна“.

Игор Гордеев (CC BY-SA 4.0)
Игор Гордеев (CC BY-SA 4.0)
Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0)
Alex 'Florstein' Fedorov (CC BY-SA 4.0)

Покрај тоа, во северната престолнина во 2000 година беше основана радио-станицата „Ермитаж“, каде што можете да слушнете емисии за главниот музеј, како и џез и блуз музика.

Москва

Airrainbow (CC BY-SA 4.0)
Airrainbow (CC BY-SA 4.0)

Токму така се нарекуваат градината во центарот на главниот град и театарот во неа. Градината е отворена во 1894 година под името „Нов Ермитаж“.

Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)

Исто така, павилјонот „Ермитаж“ - навистина осамен - се наоѓа во музејот на благородничкиот имот Кусково.

Јавен домен
Јавен домен

Патем, до револуцијата во 1917 година, во Москва имаше ресторан „Ермитаж“, во кој шеф беше готвачот Лисјен Оливје, креатор на култната новогодишна салата.

Казан

Максим Боговид / Sputnik
Максим Боговид / Sputnik

На територијата на музејот „Казански Кремљ“ во 2005 година, беше отворен изложбениот простор „Ермитаж-Казан“ - првото претставништво на петербуршкиот музеј. Во градот, во близина на плоштадот Тукаја, има и истоимен парк.

Виборг

АЯЗай (CC BY-SA 3.0)
АЯЗай (CC BY-SA 3.0)

Од 2010 година овде функционира изложбениот центар „Ермитаж – Виборг“, кој влегува во структурата на петербуршкиот „Ермитаж“.

Омск

Алексеј Маљгавко / Sputnik
Алексеј Маљгавко / Sputnik

На база на омскиот музеј „Врубељ“ во 2019 година беше отворен „Ермитаж - Сибир“ - третото претставништво на петербуршкиот „Ермитаж“.

Екатеринбург

Павел Лисицин / Sputnik
Павел Лисицин / Sputnik

Престолнината на Урал има уште еден сателит на „Државниот Ермитаж“ - културно-образовниот центар „Ермитаж-Урал“. Отворен е во 2021 година и во исто време претставува дел од екатеринбуршкиот Музејот на ликовните уметности. 

Тула

Celest (CC BY-SA 4.0)
Celest (CC BY-SA 4.0)

Сопствен „Ермитаж“ има и престолнината на руските оружари. Тоа е театарот на руската драма, кој го доби името во 2010 година.

Пјатигорск

Јавен домен
Јавен домен

Свој „Ермитаж“ имаше дури и Ставрополскиот крај. Во 1908 година таму беше изграден истоимен хотел, кој сепак опстана помалку од десет години.  

<