GW2RU
GW2RU

Напуштената населба Рудник во околината на Воркута (ФОТОГРАФИИ)

Павел Кузьмичев
Од оваа населба што ја градеа првите затвореници на логорот Воркутлаг во триесеттите години на минатиот век почнува историјата на Воркута.
Павел Кузьмичев

Градот над Северниот поларен круг го изградија затворениците на Гулаг, поточно на Воркутскиот казнено-поправен логор (Воркутлаг). Тука беше главниот рудник за јаглен. За време на Втората светска војна Воркутлаг стана особено важен, не само поради тоа што ја снабдуваше земјата со јаглен, туку и затоа што ги примаше „особено опасните“ криминалци осудени на робијашка работа.

Павел Кузьмичев

Кога Воркута се стекна со статус на град во 1943 година, изградбата беше префрлена на другиот брег на истоимената река Воркута, а Рудник стана предградие.

Павел Кузьмичев

На крајот на 1980-тите жителите почнаа да ја напуштаат, преселувајќи се во новите станови во Воркута.

Павел Кузьмичев

Во времето на распадот на Советскиот Сојуз, во Воркута и неговата околина живееја близу 250000 луѓе (денес живеат околу 60000).

Павел Кузьмичев
Павел Кузьмичев