Сахалин во снег „до гуша“! (ФОТО)
Најголемиот руски остров Сахалин го зафати снежна бура. Во Јужно-Сахалинск снежните наноси достигнуваат човечка висина!
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Циклонот пристигна во регионот утрото на 23 јануари. Снежната бура го запре сообраќајот, на аеродромот Јужно-Сахалинск се откажани летовите. Во регионот е прогласена вонредна состојба.
Училиштата во неколку окрузи на Сахалин се привремено затворени. Властите исто така апелираа до организациите нивните вработени да работат од дома.
Според прогнозите, снегот ќе продолжи непрестајно да паѓа уште неколку дена - до 27 јануари.