
Пет фасцинантни факти за рускиот Шпицберген

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Шпицберген ѝ припаѓа на Норвешка, но островот има посебен политички статус. Врз основа на Шпицбергенскиот договор од 1920 година, секоја земја потписничка (а ги има повеќе од 70) има исто право на стопанска активност како и Норвежаните кои живеат таму. Меѓутоа, во моментов тоа право го користи само Русија.
Советскиот Сојуз имаше три населби на Шпицберген, но денес две се напуштени и остана активна само една - Баренцбург. Овде живеат околу 400 луѓе, речиси сите работат во секторот за експлоатација на јаглен или услужни дејности и нивниот живот е полн со изненадувачки правила.
1. На Шпицберген не е препорачливо да се раѓа и забрането е закопување

Се работи за тоа дека на архипелагот има само една болница во која нема породилно, бидејќи установата нема соодветна опрема. Токму затоа на трудниците им се препорачува да го напуштат островот неколку месеци пред да се породат заради сопствена безбедност. Потоа можат да се вратат.
Работите се малку поинакви со умирањето. На територијата на архипелагот е на сила закон кој забранува закопување во земја. Тоа е затоа што труповите поради вечно замрзнатата почва не гнијат, туку се мумифицираат, што може да биде многу опасно бидејќи тоа ги привлекува животните.
2. Забранети се и мачки

Во 1992 година беше донесен закон за архипелагот кој им забранува на жителите да чуваат мачки. Со законот се штити локалната популација на птици, од кои голем дел се наоѓа токму овде.
За волја на вистината, без оглед на забраната, на Шпицберген имаше четири мачки - Кеша, Црвениот, Мило и Њура. Од ова друштво во секој поглед се издвојуваше мачката Кеша кој се бореше со лисици и ловеше глувци, додека, напротив, воопшто не го интересираа птиците. За жал, тој почина во 2021 година, кога имаше 12 години.
3. Најсеверниот споменик на Ленин

Официјално се работи за споменик на водачот на болшевичката револуција кој се наоѓа на најсеверната точка. Се наоѓа во напуштената советска населба Пирамида, која некогаш беше најголемата руска населба на Шпицберген. Иако престана да функционира, инфраструктурата остана. Сенишното место и Ленин на најсеверната точка денеска доаѓаат да ги видат само туристи. Освен хотелот во кој ноќевање чини 167 евра, тука ништо друго не функционира.
4. Архипелагот може да го посети практично секој што ќе посака

Договорот кој ѝ дава на Норвешка целосен суверенитет над Шпицберген, но исто така содржи голем број огради и услови, беше потпишан во 1925 година. Островите се безвизна зона и не се дел од Шенгенскиот договор, така што може да ги посетат жителите на 39 земји кои го потпишаа договорот. Не е потребна виза ни за Русите ни за оние кои сакаат да престојуваат во „малата норвешка Русија“.
5. Носењето оружје е задолжително

Се разбира, не секаде. На пример, во населбите е забрането носење оружје, но кога се оди надвор од населените места тоа е задолжително. Таквите безбедносни мерки помагаат да се намали смртноста од напади од диви животни, вклучително и од бели мечки. На сите им се препорачува да носат сигнален пиштол кој може да помогне ако некој се изгуби, со тоа што ќе даде до знаење каде се наоѓа, но и со тоа што ќе може да ги избрка ѕверовите.