GW2RU
GW2RU

Во Русија постои река што се влева во два океана

Звучи чудно, нели? Бидејќи океаните се прилично оддалечени еден од друг. Сепак, на неколку места тие се „допираат“.

На едно такво место тече реката Дељкју. Таа извира во Хабаровскиот крај на падините на планината Берил, но потоа нејзиното главно корито се дели на два тека. Едниот тек се влева во реката Охота, а потоа во Тихиот океан, додека другиот оди во Северниот леден океан.

Natalya Nosova/Russia Beyond

Оваа ретка појава се нарекува бифуркација или растек. На светот има само неколку такви примери. Еден од нив е реката Ориноко на југот на Венецуела.

Патем, топонимот Дељкју укажува на оваа појава. На евенкиски јазик тоа значи „пантолони“, на кои оваа река навистина и наликува.