Секој московјанин знае за постоењето на овој „злокобен стан“

Кардашов Антон/Агентство «Москва»
Кардашов Антон/Агентство «Москва»
Влез број шест, петти кат. Стан број педесет на улица „Болшаја Садоваја“. Веројатно најпознатата адреса во Москва. Токму тука живееше Михаил Булгаков, а на страниците на „Мајсторот и Маргарита“ тука приреди бал.

Пред револуцијата тука се наоѓаше зграда во која становите се издаваа. Добростоечки московјани, а еден од најпознатите беше сликарот Петар Кончаловски, ги издаваа репрезентативните станови, од четирисобни до шестсобни. Респектабилната недвижнина му носеше на сопственикот Иљја Пигит приход каков што немаше ни губернаторот. Четириесет и пет илјади рубли.

Јавен домен Зградата во која се наоѓа злокобниот стан, 1915.
Јавен домен

Мирниот живот на станарите на зградата во „Болшаја Садоваја“ заврши по револуцијата, кога во неа беа направени комунални станови. Се појавија и клуб и менза, гипсените работи беа покриени со транспаренти, беа донесени пропагандни книги. Во 1921 година во зградата на домот на поранешната приватна високошколска установа „Московски женски курс“ на професорот Герје се досели Михаил Булгаков со сопругата. Просторот во којшто живееше го нарекуваа „проколнатиот стан“.

Кирилл Каллиников / Sputnik
Кирилл Каллиников / Sputnik

Во соседството на Булгаков живееја милиционер со семејството, живописни ликови кои сакаа да пијат, или во тишина или правејќи пакости, Анушка Горјаева со пискавиот глас и постојаното карање на нејзиниот син. Писателот овде помина три години, а потоа со големо олеснување се пресели првин на третиот кат, а потоа во друга зграда. Меѓутоа, „злокобниот стан“, на некој начин, секогаш го следеше. Тоа го опиша во „Езеро ракија“ и „Мајсторот и Маргарита“.

Максим Блинов / Sputnik
Максим Блинов / Sputnik

Во шеесеттите години на минатиот век започна раселувањето на комуналните станови во улицата „Бољшаја Садоваја“. Во станот број 50 во 2007 година беше отворен музеј каде што можат да се видат работната соба на познатиот писател, кујната од 1920-тите, да се учествува во импресивна претстава и да ги погледнат костимите на ликовите од неодамнешната филмска адаптација на романот „Мајсторот и Маргарита“.

<