Велики Устјуг: Град на северот на Русија, синоним за Нова година!

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев
Стариот град-музеј на отворено привлекува најмногу гости во зимските денови. Воопшто не е за чудење, со оглед на тоа дека е местото каде што живее Дедо Мраз.

На северот на Русија има голем број стари градови кои вреди да се посетат. Велики Устјуг во Вологодската област, сепак, се издвојува недвосмислено. Градот се сместил на оддалеченост од 450 километри североисточно од Вологда, речиси на границата со Архангелската област.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

За прв пат се споменува во 1147 година, што го прави врсник на Москва. Сепак, треба да се каже дека овде луѓето живееле и порано.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Словените се доселувале на овие северни периферии поради поволната трговска позиција. Тука е устието на двете реки Сухона и Југа (името на градот Устјуг всушност значи устието на реката Југ) преку кој можете брзо да стигнете до Северна Двина, а потоа до Белото море. А таму веќе патот води кон Европа и Азија.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Пред неколку векови овој град бил голем трговски центар на северот на Русија. Неговите панаѓури биле сериозна конкуренција на Москва. Во шеснаесеттиот век трговското значење на Устјуг пораснало, па Иван Грозни го вклучил во таканаречените опрични градови чија територија била директно подредена на императорот. Устјуг во тоа време и станал Велики.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Тогаш станал познат не само по трговскиот живот, туку и по вештините на неговите мајстори. Колевка е на „мразот на лим“, украсување на сребрени предмети со црна боја и други оригинални занаети. Многу занаети се сочувани и денес.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Велики Устјуг е вистински град-музеј. Тука има повеќе од 150 објекти на културното наследство, вклучувајќи 28 прекрасни храмови од седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Во самото срце на градот се наоѓа најзначајното културно-историско обележје, Соборниот двор. Комплексот на објекти со исклучителна архитектонска вредност ги опфаќа Успенската соборна црква со камбанаријата, Соборната црква „Прокопиј Праведник“ и црквата „Јован Праведник,“ како и уште неколку други помошни објекти.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Црквите се наоѓаат на кејот од кој се протега поглед на спротивниот брег на реката Сухона и Димковската слобода со старите храмови.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Велики Устјуг денес е едно од најпопуларните места во Русија кога станува збор за зимскиот туризам, со дури две резиденции на Дедо Мраз. Едната од нив е сместена во трговска куќа од деветнаесетти век во центарот на градот.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

А на дофат на Велики Устјуг се наоѓа семејниот имот каде Дедо Мраз лично ги пречекува гостите.

За време на зимскиот распуст, до железничката станица во Велики Устјуг сообраќаат специјални туристички возови.

 

<