Сочи не е единствен: Ова се најпопуларните летувалишта во Русија (ФОТО)

Legion Media
Legion Media
Солени езера со лековита кал, планински реки во Сибир и, секако, одморалишта на брег со плажи за сечиј вкус.

Повеќето жители на Русија својот одмор го поминуваат во земјата, каде што лете одат не само да се капат во морето, туку и да се запознаат со природните и архитектонските знаменитости.

Сочи, Краснодарски крај

Legion Media
Legion Media

Овој град на брегот на Црното Море од година во година е водечки на листата на места за летен одмор. Овде владее пријатна суптропска клима, има многу уредени и „диви“ плажи, кафулиња, дискотеки, а целиот предел е опкружен со прекрасен планински пејзаж. За оние кои сакаат да го подобрат своето здравје, во понудата има десетици одморалишта и санаториуми од различни профили, како и термални извори (повеќе детали овде).

Анапа, Краснодарски крај

Legion Media
Legion Media

Краснодарскиот крај е всушност „најтуристичкиот“ дел на Русија со високо развиена туристичка инфраструктура. Освен Сочи, многу популарни се одморалиштата Геленџик, Туапсе и околината на полуостровот Таман, додека градот Анапа е познат како главно летувалиште за деца. Имено, покрај брегот на Анапа морето е плитко и влегувањето во водата е многу погодно токму за децата. Додека на возрасните, секако, ќе им биде интересно да ги посетат и песочните дини, како и да се прошетаат во древниот град.

Јужниот брег на Крим

Legion Media
Legion Media

Крим нуди многу разновидна природна средина и клима. Има степи, планини што се издигнуваат, а можете да доживеете и вистински суптропска амбиент. Најпопуларните места за одмор се наоѓаат на јужниот брег на полуостровот. Јалта, Судак и Алушта се градови со одлични плажи, одморалишта и богат културен живот. Освен тоа, овде е развиен винскиот туризам, кој нуди посета на винариите со дегустација.

Чемал, Република Алтај

Legion Media
Legion Media

Патувањето во планините Алтај е сон на многу љубители на природата. Во понудата се рути за различни нивоа на физичка подготвеност, бунгалови за одмор и, што е најважно, можност да се запознаете со неповторливата убавина на Сибир. Малото село Чемал лете станува вистински туристички рај. Во неговата околина се наоѓаат островот-карпа Патмос со манастирот, музеј на секојдневието на Алтај, езеро со пастрмка, клубови за јавање, како и центри за организација на речни сплаварења.

Езерото Ељтон, Волгоградска област

Legion Media
Legion Media

Најголемото солено езеро во Европа (со површина преку 150 квадратни километри) се наоѓа на југот на Русија. На зајдисонце и изгрејсонце добива златно-розова боја поради микроорганизмите Dunaliella salina и сјајењето на песочното дно низ чистата вода. На брегот на Ељтон се сместени туристички, каде што отседнуваат сите оние кои сакаат да уживаат во неговата убавина (дознајте повеќе за разнобојните езера на Русија овде).

Бајкалското Езеро, Иркутска област и Република Бурјатија

Legion Media
Legion Media

Бајкалското Езеро е една од најпопуларните дестинации за одмор во Русија во текот на целата година. Додека зиме луѓето доаѓаат овде за да го видат необичниот мраз, летото е време за уживање во природата и возење по Околубајкалската железница, како и за запознавање со древната култура на овие краишта.

Зеленоградск, Калининградска област

Legion Media
Legion Media

Во туристичките места на Балтичкото Море климата е посвежа отколку на југот на земјата, но пределите не се ништо помалку интересни. Зеленогорск е едно од најпосетуваните места лете, познато по широките песочни плажи со дини и старата европска архитектура. Овој град уште се нарекува и град на мачките. Во Зеленоградск, имено, има музеј за мачки „Мурариум“, како и голем број уметнички предмети на тема мачки, „мачкест“ семафор, па дури и посебна личност - „шеф на мачките“ - која води сметка за тоа сите улични мачки да бидат бодри, весели и сити.

Езерото Селигер, Тверска област

Legion Media
Legion Media

Ова е исклучително популарно место за одмор во природа во шатори и куќички за одмор. Селигер всушност не е едно езеро, туку околу триесет водни басени со различна длабочина и големина. Освен плажи и возење со кану, Селигер нуди и културни содржини.

Legion Media
Legion Media

Тоа е омилено место за аџиите кои го посетуваат еден од најубавите островски манастири – Ниловата испосница на Столбино.

Санкт Петербург

Legion Media
Legion Media

Месецот јуни на северот на Русија е време на белите ноќи и многу жители на земјата сакаат да ги доживеат токму во Санкт Петербург. Подвижните мостови, старата архитектура и прошетките по покривите нудат вистинска романтична авантура. Дознајте што има лете да понуди северната руска престолнина во лето овде.

Ладошки островчиња, Карелија

Legion Media
Legion Media

Малата република на северозападот на Русија изобилува со проѕирно сини езера, мермерни кањони и планински шуми со џиновски монолитни карпи. „Ладошки шхери“ („шхери“ е називот за карпестите острови) е еден од најубавите национални паркови со стотици острови и заливи скриени во карелиските шуми. Освен тоа, овде живеат фоки!

<