Како да ги препознаете зградите што ги претставуваат десетте архитектонски стилови на Москва

Legion Media
Legion Media
Главниот град на Русија слободно може да се нарече град на контрасти. Вековите стихијна градба оставиле неизбришлива трага на неговиот изглед. Така, денес во градот можете да најдете и остатоци од архитектурата на царска Русија и примероци на советска градба, како и експерименти од ерата на постперестројката.

1. Стара руска архитектура

Најстарите зачувани згради во Москва се надалеку познатиот храм „Св. Василиј Блажени“, црквите на Московскиот кремљ и Спаскиот собор на Спасо-Андрониковиот манастир од XV век во кој се наоѓаат фрагменти од фрески на славниот руски иконописец Андреј Рубљов. Од времето пред Петар Велики останале неколку палати, вклучувајќи ја и зградата на болјарите Романови градена во периодот на XVI-XVII век, како и Стариот англиски дворец изграден помеѓу XV и XVI век.

Сергей Пятаков / Sputnik Кремљовските цркви (XV век)
Сергей Пятаков / Sputnik
Сергей Киселев/Агентство «Москва» Палатата на болјарите Романови (крај на XVI — почеток на XVII век)
Сергей Киселев/Агентство «Москва»

Legion Media Спаскиот собор во Спасо-Андрониковиот манастир (XV век)
Legion Media

2. Барок

Со доаѓањето на власт на Петар Велики во Русија продреле западните влијанија, вклучувајќи ги и архитектонските. Така, во комбинацијата на европскиот барок и руското китнесто „узорочје“ е создаден уникатен стил на московски барок кој и денес може да се види во многу цркви во Москва и на периферијата, каде благородничките семејства граделе храмови.

Ludvig14 (CC BY-SA 3.0) Храмот „Покров на Пресвета Богородица во Филим“ (1690-94)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)

Sylvain Sonnet / Getty Images Ансамблот на Новодевичиот манастир (крај на XVIII век)
Sylvain Sonnet / Getty Images

Ludvig14 (CC BY-SA 3.0) Црквата „Животворна Троица“ во Троице Ликово (1698-1703)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)

3. Готика

Уморни од барокот и неговите прекумерни декоративни елементи, архитектите се свртеле кон експерименти со готика. Зашилените луковици и шилците вперени во висините на почетокот му биле туѓи на руското око, но на крајот, сепак, влегле во мода и навлегле дури и во црковната архитектура.

yulenochekk / Getty Images Царицино (XVIII век)
yulenochekk / Getty Images

Софья Сандурская/Агентство «Москва» Електрозавод (1928)
Софья Сандурская/Агентство «Москва»
Александр Авилов/Агентство «Москва» Римо-католичката Катедрала на безгрешното зачнување на Пресвета Дева Марија (1901-1911)
Александр Авилов/Агентство «Москва»

4. Руски стил

По долгогодишната доминација на сè што е европско, за време на владеењето на императорот Александар III, на крајот на XIX век, во мода доаѓа свртувањето кон руските корени. Еден од најмаркантните примери на рускиот стил беше храмот „Спас на крвта“ во Санкт Петербург, кој на некој начин наликува на московскиот храм „Св. Василиј Блажени“. Императорот лично ја одобрил изградбата на оваа црква. Во Москва биле изградени бројни приватни куќи кои наликувале на болјарските, а директно на Црвениот плоштад, во ансамблот на старите згради била вметната новата, стилизирана зграда на Историскиот музеј.

Legion Media Историски музеј (1875-1883)
Legion Media

Sergei Baldin / Getty Images Домот на трговецот Игумнов (1888-1895)
Sergei Baldin / Getty Images

Legion Media Имотот на Шчукин, денес Биолошки музеј „К. А. Тимирјазев“ (1892-1915)
Legion Media

5. Модернизам (сецесија)

Асиметрични композиции, растителна орнаментика, мозаици и свртување кон руското минато се карактеристики поврзани со развојот на рускиот модернизам (сецесија), еден од најнеобичните архитектонски стилови на преминот од XIX во XX век. Богатите луѓе од тоа време, љубители на уметноста, се обиделе да градат куќи во овој стил, а еден од главните архитекти на рускиот модернизам бил Фјодор Шехтел, кој ја проектирал познатата куќа на Рјабушински и зградата на Јарославската железничка станица.

 Екатерина Борисова (CC BY-SA 4.0) Куќата на Рјабушински (1900-1903)
Екатерина Борисова (CC BY-SA 4.0)

yulenochekk / Getty Images Јарославска железничка станица (1902-1904)
yulenochekk / Getty Images

Tim Bieber / Getty Images Хотел „Метропол“ (1899-1905)
Tim Bieber / Getty Images

6. Авангарда

Советската влада ја поттикнуваше авангардата во архитектурата, па Москва беше преплавена со експериментални згради со минимален декор, но со обмислена практична конструкција и најчесто големи прозорци. Водечки правец на советската авангарда во архитектурата беше конструктивизмот, а негови главни архитекти беа Константин Мелников, Алексеј Шчусев и браќата Веснини.

Алексей Филиппов / Sputnik Зградата на дневниот весник „Известија“ (1925-27)
Алексей Филиппов / Sputnik

Ludvig14 (CC BY-SA 3.0) Зградата на Народниот комесаријат за земјоделие на СССР (1928-1933)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)

Courtesy of Zotov center Фабриката за леб бр. 5 (1931)
Courtesy of Zotov center

Paulkuz (CC BY-SA 4.0) Куќата на Мелников (1927-29)
Paulkuz (CC BY-SA 4.0)

7. Советски Арт Деко (постконструктивизам)

По конструктивистичките експерименти со формите на советската архитектура, забележливо е свртување кон класиката, што повеќе одговараше на вкусот на Сталин. Постконструктивизмот е советска варијанта на стилот Арт Деко во кој се изградени облакодерите во Њујорк. Овој стил се карактеризира со монументализам, столбови, украси во форма на грбови, барелјефи и скулптури, како и строгост на формата и комбинација на бетон и метал.

RomanBabakin / Getty Images Руска државна библиотека (1928-1958)
RomanBabakin / Getty Images

NVO (CC BY-SA 2.5) Зградата на Министерството за одбрана во Колимажниот сокак (1934-38)
NVO (CC BY-SA 2.5)

yulenochekk / Getty Images Зградата на Државната Дума (1932-35)
yulenochekk / Getty Images

8. Сталински ампир

Со текот на времето, советската архитектура се трансформираше во стил што историчарите на уметноста го нарекоа сталински ампир. Тенденцијата беше особено забележлива во повоениот период. Тоа не е едноставно класика, туку помпезен и триумфален стил на земја-победничка. Споменатиот стил се карактеризира со столбови, тремови, идеална симетрија, спирали, гипсени украси, скулптури, балкони-еркери и комплицирани венци на покривот, ѕвезди-петокраки и грбови на СССР. На тој начин се изградија станбени згради и репрезентативни објекти, како што е, на пример, речната железничка станица. Врвот на стилот го претставуваа солитерите на Сталин со шилци кои се стремат во височината.

Dmitry A. Mottl (CC BY-SA 3.0) Московски Државен универзитет (1949-1953)
Dmitry A. Mottl (CC BY-SA 3.0)

Mario Modesto Mata (CC BY-SA 3.0) Централниот павилјон на ВДНХ (1951-1954)
Mario Modesto Mata (CC BY-SA 3.0)

Кирилл Зыков/Агентство «Москва»  Северна речна железничка станица (1933-37)
Кирилл Зыков/Агентство «Москва» 

9. Брутализам

По заминувањето на Сталин, беше прогласена борба против претерувањето во архитектурата и во земјата речиси две децении масовно се градеа типски станбени згради, таканаречени „хрушчовки“. А во седумдесеттите години на дваесеттиот век, кога во земјата се појавија малку повеќе пари и можности, властите повторно посакаа да ја покажат моќта на советската држава. Така никнаа монолитни масивни бетонски згради без никакви украси, кои оставаа впечаток со нивните огромни димензии и нетипични форми, како што тоа беа „лежечкиот облакодер“ или куќата-брод, изградена за вработените во нуклеарната индустрија (идејата беше да асоцира на нуклеарен реактор). Или злокобната зграда на институтот за онкологија. Дури и телевизиската кула во Останкино, која наликува на ракета, е поставена на масивна бетонска основа и му припаѓа на тој стил.

Михаил Александров / TASS Институт за онкологија „Н.Н. Блохин“ (1972-1976)
Михаил Александров / TASS

Николай Галкин / TASS Домот на авијатичарите (1973-1978)
Николай Галкин / TASS

Алексей Филиппов / Sputnik Телевизиската кула во Останкино (1960-1967)
Алексей Филиппов / Sputnik

10. Стилот на Лужков (постмодернизам)

Деведесетите години на минатиот век беа тешки времиња за земјата, па го поносоа епитетот „диви“. Имено, по распадот на СССР дојде времето на новата пазарна економија, „новокомпонираните Руси“ и криминалот. Меѓутоа, тоа истовремено донесе и многу слобода. За поранешните советски луѓе повторно се отвори сè западно и тие само се обидуваа да го пронајдат чувството за стил и вкус. На тоа му претходеше период на несреќни експерименти. Додека Јуриј Лужков беше градоначалник, а практично и „газда“ на Москва, во главниот град никнаа бројни згради, кои денес се вбројуваат во репрезентативните примероци на лошиот вкус. Тоа беше обид да се создаде некој вид нов стил, со употреба на стакло, метални конструкции и висока технологија, но и потпирајќи се на архитектонските трендови од минатото како што се Арт Ново, Арт Деко и други еклектични тенденции.

 Ludvig14 (CC BY-SA 3.0) Трговски центар „Наутилус“ (1999)
Ludvig14 (CC BY-SA 3.0)

Мария Девахина / Sputnik Куќа-јајце (2002)
Мария Девахина / Sputnik

T3ru (CC BY-SA 4.0) Домот на музиката во близина на метро-станицата „Павелецкаја“ (2002)
T3ru (CC BY-SA 4.0)

Анна Клименко / Sputnik Театар Et cetera (2005)
Анна Клименко / Sputnik

<