
Најмоќната ветерна електрана зад поларникот се наоѓа во Русија

Полуостровот Кола во Мурманската област е едно од најветровитите места на земјата. Затоа не е необично што токму тука се наоѓа најмоќната ветерна електрана зад поларникот – Колската ветерна електрана, отворена во март 2023 година.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Ветропаркот го сочинуваат 75 современи турбини со вкупен капацитет од 202 мегавати. Колскиот ветропарк не само што обезбедува струја за домаќинствата и индустријата, туку и го намалува испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата за околу 600 илјади тони дневно.

Во Мурманската област се произведува вишок струја, бидејќи овде има нуклеарна централа, речиси дваесетина хидроцентрали и термоцентрали. Произведената електрична енергија е дел од заедничкиот енергетски систем, а вишокот струја се праќа на југ кон Карелија и Санкт Петербург.
