10 работи кои еден странец НИКОГАШ не треба да ги прави во Санкт Петербург

Кира Лисицкaја (Photo: evgenyatamanenko, Maryna Iaroshenko/Getty Images)
Кира Лисицкaја (Photo: evgenyatamanenko, Maryna Iaroshenko/Getty Images)
Културната престолнина на Русија со прекрасната архитектура и бројните музеи и паркови е идеален град за секој турист. Но, запомнете дека ноќе е забрането да галамите, и не заборавајте да понесете чадор кога ќе излегувате!

10. Да излезете од дома без чадор

Eshma / Getty Images
Eshma / Getty Images

Санкт Петербург се наоѓа во Финскиот залив и таму врне редовно, па многу жители на градот постојано носат чадор со себе. Една од најпопуларните интернет шеги е дека во Санкт Петербург непрекинато врне од 1703 година, односно од датумот на неговото основање.

9. Да заборавите на културата

Bob Krist / Getty Images
Bob Krist / Getty Images

Градот, изграден од најдобрите руски и европски архитекти на своето време, отсекогаш привлекувал талентирани и амбициозни луѓе од целата земја. Тој бил дом на многу писатели, уметници и изведувачи и ги има најдобрите музеи. Дури и ако се сметате себеси за рамнодушни кон уметноста, многу е лесно да се приклучите на светот на убавината во Санкт Петербург. Започнете со посета на Мариинскиот театар или музејот „Ермитаж“!

8. Да задоцните на кревањето на мостовите

BIG_TAU / Getty Images
BIG_TAU / Getty Images

Ако дојдете во Санкт Петербург во лето, не заборавајте дека навечер градските мостови на реката Нева се креваат и градот се претвора во неколку острови. Ноќното шетање низ Санкт Петербург е вистинско задоволство, особено за време на Белите ноќи. Но, ако вашиот хотел е од другата страна на Нева и мостовите се веќе издигнати, или ќе мора да пешачите до сабајле или да нарачате такси за големи пари, кое треба да го заобиколи целиот град. Или да останете на место и да чекате да се спушти мостот.

7. Да правите врева ноќе во станбена населба

Александар Демјанчук / TASS
Александар Демјанчук / TASS

Во градот од 23 до 07 часот е забрането викање, свиркање, удирање, поместување мебел, пеење, свирење музички инструменти итн. За време на викендите, бучавата е исто така забранета од 7 до 12 часот. Казната за физички лица е до 5000 рубли (околу 50 евра). Во принцип, ако сакате да пеете и танцувате, одете на улицата „Думска“, каде што сè започнува навечер!

6. Полека да одите по Невскиот проспект

Anne Czichos / Getty Images
Anne Czichos / Getty Images

Централната улица на Санкт Петербург е најтуристичка и многу бучна и фреквентна. Дали сакате тивко да прошетате по центарот? Само свртете во која било уличка и за прошетка низ градот ќе најдете многу удобни и тивки места далеку од гужвите.

5. Да нарачате „шаурма“

Елена Никонова / Getty Images
Елена Никонова / Getty Images

Не заборавајте дека (нешто како гиро) ​​во Москва се нарекува „шаурма“, а во Санкт Петербург е познато како „шаверма“. Да, визуелно нема разлика, но секој град ја смета за правилна само својата варијанта. Дури и филолозите се расправаат за правилниот назив на овој популарен вид брза храна!

4. Да го побарате вистинскиот влез

anouchka / Getty Images
anouchka / Getty Images

Влезот во зградата на руски се нарекува „подъезд“ (од глаголот „подъехать“ – да пријдеш со автомобил), но жителите на Санкт Петербург официјално го нарекуваат „парадная“, односно параден влез. И тоа се зема предвид во адресите. Историски гледано, повеќето стари згради во центарот на градот имаа и параден влез и задна врата.

Општо земено, жителите на Санкт Петербург имаат и други зборови кои се чинат неразбирливи дури и за човек кој добро знае руски.

3. Да ја одбиете нивната крофна - „пишка“

Mike Copeland / Getty Images
Mike Copeland / Getty Images

„Пишка“ (рус. „пышка“) во основа е свежо печена крофна посипана со шеќер во прав. Местата каде што се продаваат се нарекуваат „пишечнаја“ и ги има многу. Можеби најпозната е онаа на улицата „Бољшаја Коњушенаја“, но и другите места се исто толку добри! Се разбира, пишките се многу хранливи, но се важен дел од гастрономската култура на градот, со што се гордее секој жител.

2. Да шетате само во центарот

Олга Сејфутдинова / Getty Images Павловск
Олга Сејфутдинова / Getty Images

Санкт Петербург е град распространет на 33 острови и ќе пропуштите многу ако не го посетите оддалечениот остров со тврдината Кронштат или уникатниот остров Васиљевски со неговите јавни површини преуредени од поранешни фабрички квартови.

Во Санкт Петербург се наоѓаат и поранешни царски резиденции со луксузни палати и паркови: Петерхоф, Ораниенбаум, Павловск и други. Вреди да се посети барем една од нив!

1. Да зборувате убаво за Москва

AlexKazachok2 / Getty Images
AlexKazachok2 / Getty Images

Санкт Петербург беше престолнина на Руската империја повеќе од 200 години и не е вообичаено локалните жители да ја фалат Москва. Многу луѓе сметаат дека патувањето во сегашниот главен град е извикано, бидејќи таму има повеќе можности за кариера, но Санкт Петербург може да го сакате само затоа што ги има најубавата архитектура и Ермитаж. Затоа никогаш не треба да им кажувате на жителите на Санкт Петербург дека ви се допаднало нешто во Москва, на пример, нова метр-станица или музеј. Сите знаат дека најдобрите метро-станици и музеи се само во северната престолнина на Русија!

<