10 работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во Москва

Russia Beyond (Photo: GaudiLab/Getty Images; Public domain)
Russia Beyond (Photo: GaudiLab/Getty Images; Public domain)
Главниот град на Русија е модерна метропола со прекрасен историски центар, модерни облакодери, огромни паркови и трговски центри. Еве неколку работи кои никогаш не би требало да ги правите доколку сакате да уживате во овој град.

10. Да се возите во центарот на градот со автомобил

Владимир Баранов / Sputnik
Владимир Баранов / Sputnik

Изнајмувањето автомобил за кратко време е многу развиено во Москва, но сепак е подобро да се движите низ центарот на градот со јавниот превоз. Ако не го знаете градот, ќе имате проблем да најдете паркинг, а многу од нив се плаќаат. Покрај тоа, центарот има многу улици и ленти со еднонасочен сообраќај, мали ограничувања на брзината и зони само за автобуси.

Додека за јавен превоз ви е потребна само картичка „Тројка“ (картичка за транспорт на која можете да ставите пари и да ја надополнувате) и можете да се качите во секој јавен превоз - метро, ​​автобус, трамвај (еве како да ја користите). 

9. Да фатите такси на улица

Сергей Ведяшкин/Агентство «Москва»
Сергей Ведяшкин/Агентство «Москва»

Ова веќе никој не го прави во Москва! Треба да нарачате такси преку апликациите за паметни телефони (ево како прави тоа).

Се разбира, пред железничките станици и аеродроми сè уште има таксисти кои ги нудат своите услуги, но со помош на апликацијата можете да ја видите рутата и цената на патувањето.

8. Да се фотографирате во Мавзолејот

Владимир Астапкович / Sputnik
Владимир Астапкович / Sputnik

Можете да фотографирате на Црвениот плоштад, но доколку сакате да влезете во мавзолејот на Ленин, таму е забрането да го извадите вашиот фотоапарат или паметен телефон. Чуварите го следат секој ваш потег! А ако сè уште мислите дека можете да се извлечете, веднаш ќе бидете исфрлени и уште ќе платите и казна, што сигурно ќе ве натера двапати да размислите следниот пат!

7. Да правите скара во парк

Cтоян Васев / TASS
Cтоян Васев / TASS

Русите многу ги сакаат забавите со скара и тоа традиционално е еден од најпопуларните видови рекреација во топла сезона. Но, во Москва има само неколку официјални паркови и места на периферијата на градот каде што е дозволено да се распали скара. На сите други места е строго забрането! Казните се движат од 5000 рубли (околу 50 евра)

6. Да возите велосипед во паркот Царицино

Legion Media
Legion Media

Во Москва можете безбедно да изнајмите велосипед во кој било парк, но постои исклучок за музејот-резерват Царицино. Таму може да се вози само околу езерото Долно Царицино (околу 4,5 км), но историскиот дел од паркот (каде што се наоѓа палатата) може да се посети само пеш.

5. Да „забавите“ во московското метро

David P. Hilss / Getty Images
David P. Hilss / Getty Images

Поради големите растојанија во Москва, жителите на градот постојано брзаат да стигнат да ги завршат секојдневните активности. Се чини како сите некаде да брзаат и, за да бидат во чекор со тој ритам, и туристите мораат да се движат со тоа темпо. На ескалаторите треба да стоите на десната страна, бидејќи левата страна по правило е за трчање надолу или нагоре.

За да останете во тек, можете однапред да ја планирате маршрутата на веб-страницата на метрото или со користење на интерактивната дигитална табла на секој воз (дознајте повеќе). 

4. Да шетате без онлајн мапа

GaudiLab / Getty Images
GaudiLab / Getty Images

Спротивно на стереотипите, во Москва живеат и љубезни и услужливи луѓе како и во другите региони на Русија и многу од нив знаат англиски. Но, ако ви треба точна адреса, апликацијата „Мапи“ е задолжителна. Прво, дури ни локалните московјани не ги знаат имињата на сите хотели, музеи и улици. Второ, во Москва сè постојано активно се поправа и гради, па затоа е подобро да не ги прашувате минувачите за насоки, туку да погледнете во навигатор.

Доколку немате таква можност, секогаш можете да го контактирате туристичкиот информативен центар (достапни се во паркот Зарјадје, на аеродромите, на Севернтта речна станица и на многу други места).

3. Да планирате спонтана посета на театарот „Бољшој“

Сергей Гунеев / Sputnik
Сергей Гунеев / Sputnik

Ако сакате да ја видите и доживеете историската сцена на Бољшој театарот, особено популарните претстави како „Оревокршачка“ и „Лебедово езеро“, треба да купите билети веднаш штом ќе излезат во продажба, т.е. неколку недели пред посакуваниот датум. Можете да ги купите само на веб-страницата на театарот или на билетарницата.

2. Да го заборавите пасошот во својот хотел/местото на престој

andresr / Getty Images
andresr / Getty Images

Москва е безбеден град, но можеби ќе ви треба пасошот кога купувате алкохол и цигари во продавница, особено ако изгледате младо. Исто така, понекогаш полицијата може да побара да ги види вашите документи на улица. И, се разбира, кога купувате билети за театарот „Бољшој“! 

1. Да одвоите премалку време за главниот град на Русија!

JulPo / Getty Images
JulPo / Getty Images

Во Москва има толку многу да се види што едвај можете да ги видите сите интересни места за само една недела. А ако се обидете, на крајот ќе сфатите дека ќе мора да се вратите!

<