GW2RU
GW2RU

Дедо Мраз постои! Проверивме посетувајќи го Велики Устјуг во пресрет на Нова година (ФОТО)

Павел Кузмичов
Татковината на главниот зимски волшебник ги пречекува гостите во текот на целата година, но во ова време изгледа особено како од бајките. Ако сте биле добри, ќе имате дури и шанса да го запознаете Дедо Мраз.

Каде живее Дедо Мраз? Се разбира, на Север! Да бидеме попрецизни, во Велики Устјуг во Вологодската област. Таму има две куќи: градска резиденција во една од главните улици и имот до селото Морозовици.

На ова место новогодишната атмосфера владее во текот на целата година, но главната забава започнува по 18 ноември, роденденот на Дедо Мраз. Се смета дека на тој ден на Рускиот Север започнува зимата. Во пресрет на оваа Нова година решивме да го посетиме и ние.

Павел Кузмичов

На гости кај бајката

„Ова е време кога имам најмногу работа!“ – ни вели Дедо Мраз кога влегуваме во неговата палата. Секој ден му доаѓаат сé повеќе гости и тој е многу среќен поради тоа.

Ана Сорокина го убедува Дедо Мраз дека била добра оваа на заминување 2023 година
Павел Кузмичов

Неговиот имот е голем: детски град, панаѓур, ковачница, куќи за гости. Самиот ги обиколува, проверува сé.

„Ги сакам сите зимски спортови, но најмногу да се санкам со децата по падините на волшебните ридови!“ - вели тој.

Павел Кузмичов

Навистина, сè изгледа магично на неговиот имот. Додека стоите пред палатата, покрај вас прелетува печката на Емелја од бајката „Како што сака штуката“. Сакавте да ја погледнете поблиску, но не можете да ја достигнете, пребрза е.

Павел Кузмичов

На бајковитата шумска патека ја сретнувате Баба Јага, која се обидува да го наполни својот шумски телефон по разговарот со Кошчеј. Од неа дознавате дека таа е всушност Василиса Убавата, само маѓепсана. И за да ја ослободите од магијата, треба да влезете во нејзината колиба. Па, добро, ќе ви поверуваме на зборот, бабо. Односно, Василисо!

Павел Кузмичов

Насекаде на шумската патека има загатки. Во длабочините на шумата наидувате на логорски оган покрај кој, како во бајката „Дванаесетте месеци“, се греат помошниците на Дедо Мраз: Петрушка, Гавранот и Зајакот. Ладно е во шумата, но мора да биде така, да не се стопи дедо.

Павел Кузмичов
Павел Кузмичов

Дедо Мраз, инаку, постојано живее во неговата палата. „Станувам рано наутро, се мијам со ладна вода, правам гимнастика. Секое утро!“ - вели Дедо Мраз. „За појадок многу сакам каша. Потоа седам во работната соба, ги прегледувам писмата, пречекувам гости, организирам фестивали и прослави“.

Павел Кузмичов

Палатата има 12 соби: библиотека, опсерваторија, соба со бајки, соба за подароци. Бидејќи и Дедо Мраз сака да добива подароци, нели! Деца, возрасни и „колеги“ - зимските волшебници од другите региони му го честитаат празникот.

„Доаѓајте почесто! Се надевам дека нашето дружење ќе продолжи!“ - ни посакува дедо.

Во градската резиденција

Дедо Мраз ја посетува и својата градска куќа - тоа е неговата прва резиденција. Како што ни објаснија неговите помошници, кога кон крајот на деведесеттите, по долго талкање низ светот, се вратил во својата татковина Велики Устјуг, решил да се насели токму на ова место. Резиденцијата е сместена во трговска куќа од крајот на XIX век. Тука можете да го видите неговиот трон, неговите магични предмети, а исто така и да ѕирнете во книгата на добри дела.

Градската резиденција
Павел Кузмичов

„Дедо Мраз нé гледа низ шарите на мраз на прозорците и ги запишува добрите дела“ - ни велат неговите помошници. „Колку некое дело е добро тој може да измери на вагата за добри дела“.

Павел Кузмичов

Дедо Мраз има и вреќа со подароци без дно. Подароците во неговата вреќа ја губат тежината и затоа на дедо му е лесно да ги носи.

Павел Кузмичов

Тој оди на тешко достапните места со скии кои сами го знаат патот. За неговиот роденден дванаесетте месеци му подарија четири волшебни стапа – секој симболизира едно годишно време. Можете да ги видите во неговиот кабинет.

Што бараат децата од Дедо Мраз?

До градската резиденција се наоѓа и поштата на Дедо Мраз. Досега има добиено речиси 5 милиони писма. Сите се чуваат на неговиот имот, додека во градското одделение се отвораат новите писма. „На почетокот на октомври имаше по 20 писма дневно, а имаше и денови кога не пристигнуваше ниту едно писмо. А сега веќе ги има илјадници“, велат помошниците на Дедо Мраз. „Вчера отворивме 2633 писма, а денес 1083.

Писма што пристигнуваат за Дедо Мраз
Павел Кузмичов

Писмата се сортираат по региони, земји, како и по различни категории: добри, креативни (цртежи, песни), друштвени. Често се организираат наградни конкурси. Се разбира, дедото се труди да им одговори на сите, па дури и да подари нешто.

„Не грижете се пријатели мои, ниедно ваше писмо нема да остане непрочитано“, нé уверува Дедо Мраз.

Павел Кузмичов

„За мене, старецот, сите се еднакви: големи, мали, сите се исти“, вели волшебникот. „Децата, секако, бараат модерни играчки, телефони, компјутери, но она што најмногу сакам е кога ми пишуваат: направи баба и дедо никогаш да не се разболат, тато секогаш да има добра работа, а мама да поминува повеќе време со нас дома!"

Да му посакаме среќни празници на Дедо Мраз!