Шушенское: Сибирско село во кое благодарение на прогонот на Ленин е конзервирано минатото

Вилијaм Брумфилд
Вилијaм Брумфилд
Историчарот на архитектура и фотограф Вилијeм Брумфилд истражува старинско село во кое извесно време минал „таткото на Револуцијата“ и кое токму благодарение на тоа до денес е зачувано во конзервиран облик.
Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

На почетокот на 20 век рускиот хемичар и фотограф Сергеј Прокудин-Горски осмислил комплексен процес на фотографирање кој дава исклучително живописни фотографии со мноштво детали. Сакајќи новиот модел да го употреби со цел да ја овековечи разновидната архитектура во Руската Империја, има фотографирано бројни историски значајни локации во текот на последните десетина години од владеењето на Николај Втори (до 1917 година).

Сергеј Прокудин-Горски
Сергеј Прокудин-Горски

Последната експедиција го одвела Прокудин-Горски на Рускиот Север (северна област од европскиот дел на Русија) доцна налето во 1916 година, додека Големата војна беснеела во Европа. Неговиот поход во тие тешки времиња го овозможила државната комисија, давајќи му задача да ја фотографира изградбата на железницата кон север по должината на брегот на Белото Море до новото пристаниште Мурман (денес Мурманск). Пристаништето се наоѓа на североисток од Колскиот полуосторов за примање испораки на воена помош од Запад за руската армија.

Лижма

Вилијaм Брумфилд
Вилијaм Брумфилд

Меѓу населбите што во таа пригода ги фотографирал Прокудин-Горски е и селото Лижма на истоимената мала карелска река која се влева во Лижемскиот залив на северозапад од езерото Онега. Во преден план се гледа мала дрвена црква (денес не постои), снимена од северозападна страна. Покриена со штици обоени во јарко црвена боја, тоа била црква од трупци со камбанарија над влезот на западната страна. Од левата страна во позадина се гледа црквата на свети Никола, исто така од трупци, покриена со штици во бела боја.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Начинот на изградба на дрвената конструкција во Лижма е длабоко вкоренета практика на Рускиот Север, иако оваа традиција се протега низ Русија сѐ до источниот дел на Сибир. Поради необични околности селото Шушенское во јужниот дел од пространиот Краснојарски крај има преживеано бурни настани на почетокот на 20 век.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Историските извори укажуваат на тоа дека Шушенское е основано најдоцна во четириесеттите години од 18 век на реката Шуш, во близината на нејзиното устие во значително поголемиот Енисеј. Неговата позиција на патот помеѓу Сајанското и Абаканското утврдување на селото му овозможило развој на стопанството, вклучувајќи примитивно производство на железо. Тамошните селани кои не биле оптоварени со јаремот на кметството во 1791 година собрале средства за изградба на црква од тули посветена на свети Петар и Павле.

Место на прогонства

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

На почетокот на 19 век селото станало административен центар со силоси за житарки и со затвор. Селото исто така станало место за прогон за оние што отслужиле затворска казна.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Меѓу истакнатите прогонети се наоѓале двајца членови на декабристичкото движење, како и интелектуалецот со радикални ставови Михаил Петрушевски, на чиј илегален кружок во доцните четриесетти години од 19 век му припаѓал и Фјодор Достоевски.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Но, најпознат меѓу прогонетите бил Владимир Уљјанов (Ленин) кој во Шушенское стасал во мај 1897 година.

Куќата на Аполон Зирјанов

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Во текот на првите четиринаесет месеци од прогонството (до јули 1898 година) Ленин изнајмувал пространа соба кај богатиот селанец Аполон Зирјанов. Државата на политичките прогонети им обезбедувала месечни примања од осум рубли, што во селско опкружување било сосема доволно за сите основни потреби – на што укажуваат белишките на Ленин (обичен селанец ретко користел пари зашто произведувал сопствена храна и кога имало можност трампал храна за други потреби). Најголем трошок на Ленин биле книгите и списанијата што ги плаќал со парите добиени од роднините и од хонорарите што ги заработувал од објавувањето на своите текстови.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Подигната во четириесеттите години на 19 век, куќата на Аполон Зирјанов ја откупил селскиот одбор на партијата во 1928 година како дел од меморијалниот центар посветен на Ленин. Ентериерот е исклучително добро зачуван, меѓу другото, со тоа што семејството Зирјанови донирало повеќе од десет оригинални предмети, вклучувајќи го креветот од времето кога таму престојувал Ленин.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Како и кај сите имашни селски домаќинста на Сибир, задниот двор со ограда е поделенона два дела: „чист“ двор кој содржи амбар за жито, шупа за земјоделски алати и „бања“ (сауна) и „црн“ двор кој содржи штали, мали шупи, амбари и бунар. Земјоделската дејност, вклучувајќи ја и бавчата, се одвивала во парцели зад селата, како што се наведува во описите за селото на Ленин. По продажбата на куќата во 1928 година, семејството Зирјанови се отселоло во соседниот град Минусинск.

Брак поради поволности

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Во мај 1898 година партнерката на Ленин Надежда Крупскаја стасала во Шушенское. За да им биде дозволено да живеат заедно се венчале во јули во црквата свети Петар и Павле (урната во 1938 година), иако и двајцата биле атеисти. По венчавката обајцата се вселиле во поголема дрвена куќа на Прасковја Петрова, вдовица на имашен селанец, каде што живееле до крајот на прогонството (до февруари 1900 година).

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Куќата на Петрова имала просторен ограден двор со голем влез во облик на едноставен неокласичен трем – што било исклучително необичен детаљ за селска куќа. Како и во случајот на помалата куќа на Зирјанов дворот опфаќал амбар, шупи и „бања“.

Советско конзервирање на селото

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Куќата на Петров ја откупил локалниот одбор на партијата во 1924 година, годината на смртта на Ленин, а во 1930 одлучено е во неа да се направи музеј посветен на прогонството на Ленин. Овој музеј во 1930 година заедно со куќата на Зирјанов е предаден на Краснојарскиот регионален одбор на Комунистичката партија како дел од Музејот на Ленин.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Новиот процут на музејската активност се случил во 1968 година во текот на подготовката за прославата на раѓањето на Ленин во 1970 година. Во тоа време Централниот комитет на партијата одлучил главниот дел од оригиналното село да се претвори во меморијален центар посветен на прогонството на Ленин.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Биле конзервирани 29 дрвени куќи од кои 23 биле изградени најдоцна до крајот на 19 век кога Ленин престојувал таму. Дури и покрај реновирањето, ова е единствен пример оригинално руско село да е зачувано во толку добра состојба.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Меѓу останатите објекти изложени се дрвени куќи на селаните кои се населувале во областа во текот на 19 век. Неколку куќи се препознаваат според професиите на сопствениците: пчелар, рибар, бочвар. Некои куќи се прилично мали, што укажува на сиромаштијата во која живееле многумина селани.

Со помош на секири и тесли

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

При изградбата на куќите користени се два основни методи за поврзување на трупците (обично борови): жлебовите за тркалезните стебла и посебни спојници со запците за тркалезните и квадратни трупци. Запците се користеле кога била потребна поголема прецизност и стабилност, но генерално обичните жлебови биле омилен начин за спојување. Руските градби од трупци речиси никогаш не користат поврзување со глина, но наместо тоа се потпираат на цврсти споеви при што во пукнатините се вметнуваат материјали како што се мов и коноп.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Најчести алати кои се користени биле секира (постојат различни видови за различни намени) и тесла, како и клинови за цепење трупци, примитивни видови длета и нож за правење вдлабнатини за подобро меѓусебно потпирање на трупците.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Поголемите куќи им припаѓале на некогашните прогонети коишто се одомаќиниле и стекнале имот како претприемачи. Една куќа поседувала продавница со намирници. Зачувана е куќата на локалната управа, сместена во дел од реконструираниот затвор со ограда од вертикални колци. Тука е и една мала локална кафеана (кабак).

Постсоветско преосмислување

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Откако Комунистичката партија престана финансиски да го поддржува музејот во 1991 година, музејскиот комплекс во селото Шушенское се најде во криза, но со помош на локалната управа и нејзиното финансирање музејот ја промени намената и денес претставува приказ на традиционалниот сибирски селски живот – при што се споменува дека во селото престојувал Ленин, што исто така привлекува определен број посетители.

Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд

Во рамките на овој процес на преосмислување на северната страна на територијата на музејот е додаден нов туристички комплекс со современи удобности во традиционално пакување, вклучувајќи живеење во реконструирани „изби“ од соседните села. Колку и да звучи чудно, биографијата на револуционерот којшто животот главно го минал во град во овој случај обезбедува зачувување на традиционалното рурално минато.

<