Рио де Кавказ? Каде е тоа?
Најголемата статуа на Исус Христос во Русија е висока речиси колку петкатна зграда!
Црковниот комплекс „Св. Петар и Павле“ во Есентуки, познато бањско одморалиште на Северен Кавказ, локалното население нагалено го нарекува Рио де Кавказ, бидејќи тука се наоѓа најголемата статуа на Христос во Русија.
Таа потсетува на 38 метри високата статуа на Исус во Рио де Жанеиро. Статуата во Есентуки, подигната во 2013 година, е висока „само“ 22 метри, но изгледа многу импресивно.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа