
Зошто Нижни Новгород е престолнина на зајдисонцата!

Еден од најголемите градови во Русија често во туристичките водичи се нарекува „престолнина на зајдисонцата“. Таму во јуни-август се одржува истоимениот музички фестивал за време на кој гостите ги дочекуваат зајдисонцата на Нижневолшкиот кеј.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Бројни туристи почнаа сериозно да обрнуваат внимание на зајдисонцата во Нижни Новгород во 2019 година. Темата ја презедоа локалните новинари, а потоа и оние кои работат во туризмот.

Нижни Новгород се наоѓа на високиот брег на реката Волга – оттаму се гледа устието на Волга и Ока, што е особено убаво на зајдисонце.

Најдобрите фотографии се прават на крајот на јуни, кога сонцето заоѓа токму над ова устие. Изгледа неверојатно!
