GW2RU
GW2RU

Зошто некои станици на московското метро се наоѓаат во станбени згради?

Дарья Соколова
Некои станбени згради во центарот на Москва служат и како влезови во подземната железница. Повеќето се смели архитектонски проекти реализирани во периодот од 1930-тите до 1960-тите.

Сè започна во самиот центар на Москва, кога во 1935 година беше отворена „Охотни Рјад“, една од првите метро-станици. Овој дел од градот беше густо населен, така што беше одлучено како хол за влез на патниците да се искористи приземје на вила од првите децении на XIX век.

Охотни рјад
Дарья Соколова

Влезот во метрото и темелите на облакодерот Црвена порта (рус. Красные ворота) се изградени истовремено за да се добие на време. Архитектот Алексеј Душкин планираше во сите „Сталинови облакодери“ приземјето да служи како влез во метро-станица, но тоа се реализираше само во оваа зграда. Теренот околу градилиштето беше вештачки замрзнат од безбедносни причини, а објектот првично имаше благ вертикален наклон поради предвиденото слегнување на земјата. Подоцна сè си „легна“ според планираното.

Црвена порта (Красные ворота)
Дарья Соколова

Уште една позната зграда со влез во метрото е станицата „Проспект на мирот“ (рус. Проспект мира) на Кружната линија (Кольцевая линия), отворена во 1952 година. Како влез служи станбената зграда на „Проспектот на мирот“ бр. 38.

Проспект Мира
Дарья Соколова

Со иста цел е изградена и зградата на станицата „Автозаводскаја“, како и зградата за работниците во железницата во близина на железничката станица „Курскаја“. 

Автозаводскаја
Дарья Соколова

Но, такви примери наоѓаме и надвор од Москва. Во Новосибирск решија да изградат метро дури во 1980-тите, а бидејќи милионскиот град веќе беше начичкан со згради, беа отворени три станици на метрото во обични станбени згради.

Зајељцовскаja, Новосибирск
Bogdanov-62 (CC BY-SA 4.0)

Црвен проспект, Новосибирск
Bogdanov-62 (CC BY-SA 3.0)

Маршал Покришкин, Новосибирск
Sskz (CC BY-SA 3.0)