Што се случува денес во легендарниот московски Дворец на пионерите?

Юрий Храпов; Василий Малышев / Sputnik
Юрий Храпов; Василий Малышев / Sputnik
Во советско време, многу идни познати личности беа ангажирани во овој младински центар. Таа традиција продолжи до денес. Една од најпознатите советски згради и институции во Москва повторно ги пречекува студентите по големото реновирање. Дворецот на пионерите е отворен во 1962 година.

За време на советските години, имаше многу бесплатни активности за деца од сите возрасти, од танцови ансамбли до авионско моделарство.

Василий Малышев / Sputnik Дворецот на пионерите 1962.
Василий Малышев / Sputnik

Олимпискиот шампион Марина Кошеваја од 1976 година одеше во пливачката секција. Професорот Дмитриј Затешиков, еден од најпознатите кардиолози во Русија, како дете одел во „Клубот на млади лекари“. Култната советска актерка Наталија Гундарева играше во Театарот на млади московјани во Дворецот на пионерите. Таму учеа и космонаутот Сергеј Рјазански, преведувачката на Данте Олга Седакова и многу други. Годинава младиот астрофизичар Арсениј Аринкин откри нова ѕвезда во соѕвездието Касиопеја.

Олег Ласточкин / Sputnik Дворецот на пионерите 1988.
Олег Ласточкин / Sputnik

Изграден за време на Хрушчовата „борба против сè што е излишно во проектирањето и градежништвото “, Дворецот на пионерите беше еден од првите примери на советскиот архитектонски модернизам. На проектот работеа млади, перспективни архитекти и уметници.

Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov

Зградата на Воробјови Гори се состои од низа павилјони кои се одвоени од заедничката галерија. На краевите може да се видат мозаични панели со име: „Вода“, „Земја“ и „Небо“, кои го симболизираат освојувањето на елементите од страна на човекот. Дворецот е опкружен со голем парк со езерце.

Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov

Внатре, покрај училници и работилници, има и зимска градина, планетариум и голема концертна сала. 

Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov

Денеска се додадени модерни отсеци-секции: за информатичка технологија, инженерска графика, роботика, биотехнологија и многу други. Вкупно има повеќе од 1500 програми и повеќе од 90% се бесплатни.

Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov

Покрај работилниците, постојат и општообразовни програми со фокус на математиката, природните науки и информатиката.

Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov
Юрий Храпов/@ykhrapov

<