GW2RU
GW2RU

Каде во Русија можете да видите латиница?

Знак за правец и растојание до градовите во одморалиштето „Горки Город“ во Краснаја Полјана.
Артур Лебедев / Sputnik
Рускиот јазик и државните јазици на руските национални републики како графичка основа ја користат кирилицата, и тоа е пропишано со закон. Но, во Русија, на многу места може да се види и латиницата.

На сообраќајните шеми и ознаки

Навигацијата во метрото, на аеродромите, железничките и автобуските станици, на стадионите и на царината е преведена на англиски, а на некои места и на кинески.

Кинолог со службено куче од расата шалајка (хибрид на шакал и лајка) на меѓународниот аеродром Шереметјево во Москва.
Максим Блинов / Sputnik

Во големите градови, станиците во градскиот превоз се најавуваат и на англиски јазик. Таа практика беше воведена по Олимпијадата во Сочи во 2014 година и Светското првенство во фудбал во 2018 година, што се одржаа во Русија.

Метро-станица „Пушкинска“
Сергеј Бобилев / TASS

Во поголемите градови, клучните топоними на таблите и билбордите се наведени на латиница. Имињата не се преведуваат, туку се транслитерираат, на пример Kitay-gorod, а не China Town.

Во пограничните подрачја

Граничен пункт „Торфјановка“ на границата меѓу Русија и Финска.
Петар Коваљов / TASS

На магистралните патишта на влезот во погранична населба топонимите на знаците се напишани на кирилица и латиница.

Кафеана во историскиот центар на Виборг.
Екатерина Чеснокова / Sputnik

Во градовите и населбите во близина на границата може да се сретне превод на натписите на продавниците на јазикот на соседната земја. Така сопствениците на угостителските локали им покажуваат на гостите на Русија дека се добредојдени.

На комерцијални натписи

Натпис на зграда на Плоштадот „Сенаја“ во Санкт Петербург.
Алексеј Даничев / TASS

Латиницата не е секогаш наменета исклучиво за странци. Таа, на пример, се користи или „микса“ со кирилицата и во имињата на угостителските објекти или брендови. Понекогаш тие решенија се мошне невообичаени.