Пушкин можел стопати да загине во двобој... бидејќи пиел „жонка“
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Самиот Александар Пушкин бил голем обожавател на жонка. Неговиот пријател Иван Липранди го забележал следниов случај. Во една пригода, кога се собрало друштвото, Пушкин заедно со полковниците Орлов и Алексеев отишле во соба за билјард. Таму решиле да се напијат жонка. Испиле вкупно 3 чинии, и како што можело да се очекува, поетот малку го „фатило“. „Пушкин се расположи и почна (...) да пречи во играта. Орлов му рече дека се однесува како ученик, а Алексеев додаде дека ученикот треба да се научи да биде паметен... Пушкин се оттргна од мене и (...) се заврши со тоа што ги предизвика и двајцата на двобој, а мене ме повика да му бидам секундант“.
Благодарение на посредништвото на Липранди, ситуацијата се смирила. Орлов и Алексеев му се извиниле на Пушкин, па двобојот бил откажан.