GW2RU
GW2RU

10 скапоцености од приватни колекции кои се наоѓаат во Музеите на московскиот Кремљ (ФОТО)

Покрај предмети кои му припаѓале на царското семејство, колекцијата на Кремљ поседува уникатни предмети од збирките на колекционери на старински предмети.

По војната од 1812 година, во образованите кругови на руското општество пораснал интересот за историјата, старите предмети и обичаите. Многу непроценливи раритети биле изгубени во пожарите, па љубителите на историјата барале артефакти насекаде, обидувајќи се да ги зачуваат и проучат спомениците на руската древност.

Меѓу најпознатите колекционери во XIX век бил Павел Карабанов. Цел живот собирал разни стари предмети, а во својот домашен музеј изложувал работи кои го отсликуваат секојдневието на руското благородништво. Неговата колекција била толку богата и интересна што царот Николај I се понудил да ја откупи. Карабанов не сакал да се раздели со неговата колекција додека бил жив, но му ја оставил во аманет на царот по својата смрт. Така, најстариот и највредниот дел од неговата колекција завршил во Оружејната палата на московскиот Кремљ.

Имало и други негови современици кои ја сакале историјата и поседувале исклучителни приватни колекции, кои подоцна завршиле во Кремљ. Меѓу нив биле и грофот Алексеј Мусин-Пушкин и кнезот Николај Јусупов.

Икона „Богородица Владимирска“, последна четвртина на XVI век

Од колекцијата на грофовското семејство Мусин-Пушкини
Музеи Московского Кремля

Фишеклија (барутница), 1660.

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Обетки, XVII век

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Сребрен рамка за огледало, прва половина на XVII век

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Чарка (сад за пиење алкохолни пијалоци), XVII век

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Богородица Воплотување, прва третина на XVII век

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Пехар со грбот на семејството Карабанови. 1534-1585 година

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Садови од Велики Устјуг, трета четвртина на XVIII век

Од колекцијата на Павел Карабанов
Музеи Московского Кремля

Медалјон со синџирче, 90-тите години на XVII век

Му припаѓал на кнезот Василиј Голицин, од колекцијата на Алексеј Мусин-Пушкин
Музеи Московского Кремля

Црпалка, 1764.

Подарок од царицата Екатерина II за трговецот Лука Девјатов. Од колекцијата на кнежевското семејство Јусупови
Музеи Московского Кремля

На 15 март во Музеите на московскиот Кремљ беше отворена изложбата „Љубители на татковинската историја“, посветена на Павел Карабанов и другите московски колекционери од XIX век кои дадоа придонес за една од најзначајните ризници на Русија.