GW2RU
GW2RU

Како изгледа дворецот на Романови во Узбекистан?

Тешко е да го оттргнете погледот од раскошната вила во центарот на Ташкент. Изградена во стилот арт-нуво со мали бајковити кули и необични изрезбани решетки на прозорците, наликува на скапоцено ковчеже. Вистинско царско здание! И навистина, дворецот му припаѓал на член на семејството Романови.
Jamshid Nurkulov (CC BY-SA 4.0)

Имено, изграден е за великиот кнез Николај Константинович, внук на Николај I, родениот брат на Александар II и братучед од стрико на Александар III.

Бил еден од најдобрите студенти на Академијата на Генералштабот и прв меѓу Романови што се стекнал со високо образование. Се вљубил во американската танчерка Фани Лир. Неговото семејство не ја одобрувало оваа врска, но никако не можеле да ја разделат заљубената двојка. И потоа избил скандал. Од свадбената икона на неговите родители исчезнале три дијаманти. Сè укажувало на тоа дека ги зел великиот кнез.

Humoyun Mehridinov (CC BY-SA 4.0)

Николај Константинович бил испратен во егзил во Туркестан (како што тогаш се нарекувал Узбекистан) во 1878 година. Во Ташкент изградил фабрика за производство на сапун и мануфактура за преработка на памук, отворил фотографско ателје, првото кино во градот и болница за сиромашните. А живеел токму во овој дворец, кој за него го изградиле Вилхелм Хајнцелман и Алексеј Беноа.

Atilin (CC BY-SA 3.0)