Седумте жени на Есенин 💔

Јавен домен
Јавен домен
Краткиот живот на Есенин бил преполн со страсти. Бурни љубовни афери, голем љубов и трагични разделби. На неговиот роденден се потсетуваме кои биле најважните жени во неговиот живот.

💔 Таткото на ЛИДИЈА КАШИНА поседувал имот во Константиново, каде што е роден Есенин. Младиот поет бил вљубен во девојката и ноќе одел кај неа да ѝ ги чита новите стихови. Токму таа е прототип на Ана Снегина од истоимената поема.

Viktor Gritsuk / Global Look Press
Viktor Gritsuk / Global Look Press

💔 АНА ИЗРЈАДНОВА била првата невенчана жена на поетот. Работела како коректор, заедно поминале кратко време, но на Есенин му го родила првиот син Јуриј.

Јавен домен
Јавен домен

💔 ЗИНАИДА РАЈХ била првата венчана сопруга на Есенин. Му ги родила ќерката Татјана и синот Константин кои многу ги сакал, иако ја напуштил Зинаида кога била бремена со второто дете. Подоцна ќе ги посвои новиот маж на Зинаида – режисерот Всеволод Мејерхолд.

Global Look Press
Global Look Press

💔 ГАЛИНА БЕНИСЛАВСКАЈА била личната секретарка на Есенин. Со неа живеел долго време. Била безнадежно вљубена во поетот. Не можела да ја поднесе неговата смрт и си го одзела животот на неговиот гроб.  

Global Look Press
Global Look Press

💔 ИСИДОРА ДАНКАН е најпознатата жена на Есенин, американска танчарка постара од него речиси 20 години. Нивните односи ги следеле бурни скандали и по две години заеднички живот и патувања по Европа и Америка тие се разделиле.  

University of Washington
University of Washington

💔 Со преведувачката и поетеса НАДЕЖДА ВОЉПИН Есенин имал  краткотрајна врска, меѓутоа таа му го родила синот Александар.

Јавен домен
Јавен домен

💔 СОФИЈА ТОЛСТОЈ, внука на Лав Толстој, била последната жена на поетот. Разделбата со неа тој ја поднел толку тешко што се смета дека тоа била една од причините за неговото самоубиство.

Јавен домен
Јавен домен
<