GW2RU
GW2RU

Барби кукли инспирирани од Русија (ФОТО)

Barbie/Mattel
Во Русија куклите Барби отсекогаш се доживувани како суштински дел на западната култура. Меѓутоа, самите креатори на овие кукли веруваа дека тие можат да имаат и руски изглед.

Руска Барбика, 1989. 

Првата „руска“ Барби кукла се појави во 1989 година меѓу другите кукли од колекцијата „Куклите на светот“. Руската Барби е претставена како русокоса во долг розов капут со златен вез и голема крзнена шапка да ја заштити од студената руска зима.

Barbie/Mattel

Руска Барбика, 1997.

Втората кукла се појави во 1997 година и исто така беше дел од колекција посветена на различни земји. Овој пат, потеклото на Барби многу појасно се манифестираше со кокошник на главата, извезена црвена туника и Московскиот Кремљ во позадина.

Barbie/Mattel

Барби како принцеза од царска Русија, 2004.

Слично на претходната, во 2004 година се појави царска Барбика. Таа ја претставуваше великата кнегиња – ќерката на царот и царицата.  Со други зборови, ова е руска принцеза - место круна можете да забележите фенси-шменси кокошник.

Barbie/Mattel

Руска Барби, 2009. 

Оваа кукла изгледа помалку традиционално и слична е на првата руска Барби - прилично неутрална, а сепак препознатлива како „Русинка“, повторно благодарени на големата крзнена шубара, муфот и златните прамени коса.  

Barbie/Mattel

Барби куклите на Роберт Бест, 2011. 

Дизајнерот Роберт Бест креираше цела колекција руски кукли, вклучувајќи и еден Кен по име Николај, облечен во војничка униформа од царско време.

Barbie/Mattel

Сите женски кукли се облечени во некоја од варијантите на руската традиционална облека. Куклата Мила носи шамија на главата и здолниште со извезени матрјошки.

Barbie/Mattel

Облеката на Екатерина е украсена со крзно.

Barbie/Mattel

Фустанот на Дарја е сличен на свечените дворски фустани.

Barbie/Mattel

Додека Верушка носи црна шапка-ушанка.

Barbie/Mattel